1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Уругвај го легализираше одгледувањето на марихуана

БГ/бета/ап11 декември 2013

Уругвајскиот сенат го изгласа законот со кој се легализира одгледувањето и диструбуцијата на марихуаната. Останува законот да биде потпишан од претседателот на државата.

https://p.dw.com/p/1AXBk
Фотографија: Getty Images/Afp/Pablo Porciuncula

По потписот на законот од страна на претседателот на државата, Уругвај ќе стане првата земја во светот во која ќе биде одобрено легалното тргување со оваа дрога.

По вчерашната 12-часовна расправа, 16 од вкупно 29 сенатори, воглавно членови на владејачката левичарска партија Френте амплио, гласаа за предложениот закон. Доколку претседателот Хозе Мухика го потпише законот, тој ќе почне да се применува од април 2014. година.

Се очекува Мухика тоа безусловно да го стори, затоа што и самиот се залагаше за законот, кој според него, ќе го спречи развојот на организираниот нарко-криминал.

Со примената на законот, Уругвај ќе отиде еден чекор понатаму во однос на американската сојузна држава Колорадо, Шпанија и Холандија, кои го легализираа приватното производство на марихуаната.

Анкетите покажуваат дека 60 проценти од населението на Уругвај е против легализацијата на марихуаната, а против предлогот беа и опозицијата, лекарите и фармацевтите.

Според законското решение, секое полнолетно лице ќе може месечно да купи по најмногу 40 грама марихуана.