1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Уругвај ја легализира марихуаната

БГ/миа1 август 2013

Парламентот во јужноамериканската држава Уругвај ја легализираше употребата и производството на марихуана, со цел да се намали организираниот криминал

https://p.dw.com/p/19I23
Фотографија: picture-alliance/Bildagentur Huber

По жестоката дебата што траеше 13 часа, Долниот дом на уругвајскиот Парламент го усвои предлогот за легализација на производството на марихуана, со надеж дека на тој начин властите полесно ќе се справат со организираниот криминал.

Сега ваквиот Предлог-законот ќе оди пред Сенатот и ако биде усвоен и таму, Уругвај ќе стане првата земја во светот, каде производството, дистрибуцијата и продажбата на марихуана ќе се лиценцираат и регулираат.

Пратениците од владејачката коалиција во своите настапи нагласуваа дека треба да се направи ваков обид, бидејќи глобалната војна против дрогата се покажала како „скап и крвав неуспех“. Критичарите предупредуваат дека легализирањето на пазарот на марихуана може

да се покаже како игра со оган. Приврзаниците на легализацијата се надеваат дека ќе биде укината и една законска противречност, што произлегува од фактот дека пушењето марихуана во Уругвај е дозволено, но се противзаконски нејзината продажба, производство и поседување, па дури и само на еден насад. Експертите оценуваат дека законот само ја утврдува реалноста дека пазарот на марихуана функционира веќе долго време, само што е незаконски.