1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

УСАИД мора да ги прекине активностите во Русија

АТ/ миа/ дпа/ афп19 септември 2012

Кратко пред регионалните избори Русија и’ забрани на американската развојна организација УСАИД да работи во земјата, со образложение дека вршела политичко влијание. Поборниците на граѓанските права критикуваат.

https://p.dw.com/p/16BXi
Фотографија: picture-alliance/dpa

Русија ги обвини САД дека се обиделе да ја искористат мисијата за развој за да влијаат врз руската политика. Портпаролот на руското МНР Александар Лукашевич објасни дека карактерот на работата на претставништвото на агенцијата во Русија не одговарал на целите за развој на билатерална хуманитарна соработка. Лукашевич ја обвини Агенцијата дека се обидела да влијае врз политичките процеси, вклучително и на резултатите од различни избори и на институциите на цивилното општество, преку давање помош. Руското цивилно општество создреа и нема потреба од „водство од надвор“, се вели од Москва.

Руското МНР наведува дека е вознемирено од акциите на УСАИД во различни региони како Северен Кавказ.

Russland Außenministerium in Moskau Gebäude
Министерството за надворешни работи во МоскваФотографија: picture-alliance/ZB

Русија и постави рок на американската организација до 1. октомври да прекине со својата работа.

За разлика од властите, претставници на граѓански организации во Русија коментираа дека крајот на дејноста на УСАИД ќе биде закана за слободни и фер избори во државата. Директорката на „Голос“, највлијателната неформална група која следи избори во Русија, Лилија Шибанова, го нарече затворањето на претставништвото како „огромен удар“ кој не го очекувал никој во цивилното општество во Русија. Без парите од УСАИД групата нема да има можност да ги следи претстојните регионални избори на 14. октомври, изјави портпаролка на организацијата за агенцијата Интерфакс.

Познатиот борец за човекови права Лев Пономарјов го обвини раководството дека сака „да ги уништи“ организациите за човекови права. Загриженост искажаа и други руски невладини организации. „Невозможно е во овој чекор да не се препознае продолжување на политиката на изолација“, изјави претседателот на организацијата за човекови права „Меморијал“ Арсени Рогински.

Овој спор се смета за нов удар за односите меѓу Москва и Вашингтон по враќањето на Владимир Путин на претседателската функција и во пресрет на американските претседателски избори. Портпаролот на американското министерство за надворешни работи Викторија Нуланд најави дека земјата и натаму ќе се залага за „демократијата, човековите права и развојот на стабилно цивилно општество“ во Русија.

Permanent Representative of the North Atlantic Treaty Organization (NATO), Victoria Nuland, addresses a press confrence at the US Embassy in Kabul, 25 September 2007. Victoria Nuland, Permanent Representative of NATO and Karen P. Tandy, Administrator of the Drug Enforcment Administration (DEA) are in the Afghan capital on an official visit. AFP PHOTO/MASSOUD Hossaini (Photo credit should read MASSOUD HOSSAINI/AFP/Getty Images)
Викторија НуландФотографија: Getty Images

УСАИД од 1992 година на располагање стави околу 2,7 милијарди американски долари за демократизација, подобрување на здравствениот систем, борбата против криминалот и заштита на животната средина во Русија.