1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Успех на Германија на Новогодишната турнеја - четири скокалници

2 јануари 2008

Ски скокачот Михаел Нојмаер за првпат во својата кариера се искачи на победничкиот подиум. При новогодишната турнеј четири скокалници, во Гармиш Партенкирхен го освои третото место.

https://p.dw.com/p/Cj4P
Скијачки скоковиФотографија: AP

Во популарниот Грмиш, на половина од новогодишната турнеја се радуваше и Австриецот Грегор Шлиренцауер „Мислам дека беше време. Целата сезона извнредно скокав и се искачував на победничкиот подиум. Овојпат изведов добри скокови. Натпреварот беше многу фер, и јас сум многу горд на мене.“ рече победникот на новата скокалница во Гармиш Партенкирхен Грегор Шлиренцауер.

Шлиренацаер со оваа победа, на половина од Новогодишната турнеја – Четири скокалници го презема и водството во генералниот пласман. Второто место во Гармиш Пртенкирхен го освои Финецот Јани Ахонен.

За изненадување се погрижи Германецот Михаел Нојмаер со освоеното трето место. „Ни самиот уште не можам да верувам - супер. Се радувам. Сега сум награден за сиот вложен труд и среќен сум“ рече Нојмаер по освоеното трето место

По Оберхаузен и Гармиш Партенхирхен натпреварите продолжуваат в петок во Инсбрук – скокалница која не му е омилена на Нојмаер „Инсбрук не го сакам, скоклницата. Гармиш ми се допадна од самиот почеток, уште од првиот скок. Ќе видиме на ред е Инсбрук, но мора да бидам и во добра форма. Значи и таму може да се случи добро да скокам.“

Новогодишната турнеја четири скокалници завршува со натпрварот во Бишофсхофен што ќе се оддржи во сабота.