1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Успех што впечатливо ја потврдува довербата од сонародниците“

28 септември 2009

Канцеларот Ангела Меркел во меѓувреме доби честитки од повеќемина светски државници за тоа што ќе остане на чело на владата, сега само со друг коалиционен партнер.

https://p.dw.com/p/JqNh
Канцеларот Ангела МеркелФотографија: AP

Американскиот претседател Барак Обама по телефон и’ честита на Меркел и искажа задоволство што и натаму ќе остварува блиска соработка со неа како канцелар во совладувањето на заедничките предизвици. Во разговорот соговорниците биле согласни дека со изборот на „силна германска влада“ меѓусебната соработка „натамошно ќе се засили и продлабочи“, соопшти американската влада во Вашингтон. „Соединетите Држави и Германија се блиски сојузници и партнери во поддршката на слободата, безбедноста и благосостојбата“, се вели во изјавата на Белата куќа.

USA Deutschland G- 20 Gipfel Angela Merkel und Barack Obama
Ангела Меркел и Барак Обама на неодамнешниот самит во ПитсбургФотографија: AP

Честитки до Меркел стигнаа и од британскиот премиер Гордон Браун, како и од претседателот на Франција Никола Саркози. „Овој успех впечатливо ја потврдува довербата што ви ја искажуваат вашите сонародници“, изјави Саркози во Париз. Тој искажа и задоволство што и натаму ќе може да смета на ангажманот на Меркел за јакнење на француско-германските односи. „Знам дека и Вие, како и јас, сакате уште посилно германско-француско разбирање во служба на Европа која дејствува, со оглед на големите светски и регионални предизвици, промената на климата, стопанската и финансискка криза“, се вели во писмото што Саркози и’ го упати на германската канцеларка.

Pressekonferenz Angela Merkel - Nicolas Sarkozy
Меркел доби честитки и од фрнцускиот претседателФотографија: AP

Шефот на италијанската влада Силвио Берлускони во честитката до Меркел оцени дека нејзиниот реизбор е „успех за целото семејство на европски народи“. Во телефонскиот разговор со Меркел, како што пренесува агенцијата Анса, тој и’ ја искажал својата поддршка и почитување и укажал на „заедничките претстави за создавање силна и обединета Европа“.

Поранешниот австриски канцелар Волфганг Шисел ја означи Меркел како „неспорна број еден во Германија“, која со партиите на Унијата, како што вели, можеше јасно да се дистанцира од конкурентите. Конзервативниот австриски вицеканцелар Јозеф Прел оцени дека изборниот резултат во Германија покажува оти „луѓето наградуваат политика на одговорност“. Тој, како што пренесува агенцијата АПА, истакнал дека резултатот во Германија се надоврзува на редица изборни успеси на конзервативците во Европа.

Автор: ЗЈ/АТ/апа/дпа

Редактор: Александра Трајковска