1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Успешен саем на книгата

11 октомври 2004

Коментар на Габриеле Шаф

https://p.dw.com/p/AeVC

Вчера во Франкфурт заврши 56-иот меѓународен саем на книгата. Бројот на излагачите – околу 6 илјади и 700 од 111 земји, во однос на преходната година е во благ пораст. Соодветна на тоа беше и радоста на диркеторот на саемот Фолкер Нојман кој оцени дека Франкфурт и натаму е водечкиот саем. Меѓутоа, на овој саем не стануваше збор само за бројки и биланси: како и секогаш во фокусот беше книгата, а во оваа година и настапот на проблематичниот гостин: земјите од Арапската лига.

Беше саемот, и беше повторно. И покрај кризата и концентрацијата на пазарот, најголемиот собир на браншата повторно беше како семејна средба. Овојпат меѓуота, госите беа тие што гарантираа дека ќе се разговара и за политиката: Арапската лига. Видливото присуство на полицијата и зголемените безбедносни контроли јасно укажуваа дека настапот на гостите е со посебен ризик. Лично канцеларот Герхард Шредер говореше на отворањето и ги повика учесниците на дијалог: не станува збор за битка на културите, туку за битка за културата. Тоа се покажа пред се на подиумите на кои ангажирано се дебатираше за човековите права и за слободата на медиумите. Распонот што требаше да го обезбеди саемот беше во тоа да не се избегнуваат конфликтните теми или одност да биде дипломатски. Во најголемито дел во тоа се успеа. Обете страни очигледно вложија напор иако занеја дека тоа не е доволно за иднината. Читањата на арапските автори беа посетени иако некои од нив доаѓаа од егзил. Но, за добар дијалог е потребно присуство и на германската современа литература во арапските земји. Меѓутоа повеќе од политиката, најголемиот број посетители ги интереисраше книгата: како публиката, така и стручњаците. Оттаму, овој саем повеќе од третходните години пред се беше саем на книгата. Настани и забавувачи кои пишуваат, како во претходните години, беа исклучок. Значи концентриран работен саем на кој се дискутираше и контроверзно: за бесконечната тема реформа на правописот или за новите евтини сирии на бестселери што сега на пазарот ги појавуваат некои дневни весници. Дали акциите за дампинг цени како овие ќе привлечат повеќе читатели или ќе им наштетат на издавачите е неизвесно. Вистина е меѓутоа, дека Германците одделуваат се помалку пари за книги. Ако само квалитетот го диктира пазарот, тогаш овој саем беше успех: германската литература во оваа есен не мора да се крие. Оваа есен во текстовите се покажуваат една нова сериозност и голема свест за стории. А, со изборот на Унгарецот, Петер Естерхази како носител на наградата за мир, германските издавачи, за разлика од чисто политичките есеисти во претходните години, се реши повторно за чист книжевен автор. Автор, кој со своето дело може да важи како примерен претставник на проширена Европа. Значи не е баш се така лошо со книгата: убавото останува.

Габриеле Шаф