1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Успешна 2006 година!

31 декември 2006

По повод Новата 2007 година, германската канцеларка Ангела Меркел до германската и меѓународната јавност упати порака во која, меѓу другото, вели:

https://p.dw.com/p/Ac0S
Задоволна од постигнатото во 2006 година: Ангела Меркел
Задоволна од постигнатото во 2006 година: Ангела МеркелФотографија: picture-alliance/ dpa

„Пред една година, во мојата прва новогодишна порака реков: да се изненадиме со она што е можно. 2006 година покажа дека тоа не мора да биде само голо обраќање. Да се изненадиме со можното! Вие и јас притоа сигурно најнапред помислуваме на спортските зенити, посебно на постигањата на фудбалската репрезентација на Јирген Клинсман. Наспроти сите песимисти, тие одиграа извонредно светско првенство. Тие и уште многу други во 2006 покажаа што може да се направи со многу труд, насоченост и верба во сопстевните сили. А, светот во минатото лето беше на гости кај пријатели, додека ние Германците ја доживеавме црно-црвено-жолатата одушевеност. На тој начин кон светот упативме убава слика за Германија, вели Меркел и продолжува:

„Да се изненадиме со можното! И политички. Невработеноста во оваа година се намали за скоро половина милион луѓе. Економскиот растеж е двојно поголем од претходната година. Се помалку фирми банкротираа, а во 2007 ќе имаме најмало задолжување од повторното обединување„.

„И надворшено-политички Германија доби на углед. Ние сме почитуван и сигурен партнер во Европа и во светот. „Европа ќе успее заедно„ е нашето мото на претседателствувањето со Европската унија во првото полугодие од 2007 година. Европа ќе успее заедно ако сите во своите земји ги извршат домашните задачи. Според тоа, во 2007 мораме да вложиме двојно повеќе напори – за напредокот на Европа и за продолжување на економскиот полет во Германија„, вели во новогодишната порака германската канцеларка Ангела Меркел која од 1 јануари го презема претседателството на Европската унија од Финска.