Уставниот суд на Мали го отвори патот за преодна влада
11 април 2012Одлуката на Уставниот суд доаѓа по воениот пуч во Мали извршен во март и поднесувањето оставка од страна на претседателот Амаду Турмани Туре. Тоа е воедно и дел од постигнатиот договор меѓу воената хунта и западноафриканскиот регионален блок земји ЕКОВАС.
Советот за безбедност на ОН вчера (10.04) изрази загриженост поради „растечката терористичка закана“ во Мали. Советот е особено загрижен поради тоа што членови на Ал Каеда и екстремисти се замешале во редовите на бунтовниците на северот на земјата. Највисокото тело на ОН го осуди насилството и грабежите во регионот и побара веднаш да бидат ослободени лицата кои се киднапирани. Во изјавата на Советот за безбедност се вели дека сите страни во конфликтот Мали мора да работат на „мирно решение“.
Армијата пред двеипол недели го симна од власт досегашниот претседател Амаду Тумани Туре. Поради настанатиот вакуум во власта, на бунтовниците Туарези и на исламистите кои се со нив во сојуз, им успеа во рок од неколку дена да стават под своја контрола голе,и делови од северот на земјата.