1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудствоСеверна Македонија

Уставниот суд ја потврди амнестијата за „Хашките случаи“

БГ /МИА
31 октомври 2012

Судот ја отфрли иницијативата за оценка на уставноста на Законот за амнестија. Судиите сметаат дека амнестијата е во согласност со Уставот.

https://p.dw.com/p/16Zsp
Фотографија: Petr Stojanovski

Уставниот суд ги отфрли двете иницијативи за оценување на уставноста на автентичното толкување на Законот за амнестија. Судијата известител за автентичното толкување на Законот за амнестија, Исмаил Дарлишта, предложи да се отфрлат двете иницијативи, бидејќи, според него, со автентичното толкување на овој Закон со ништо не се повредуваат темелните вредности на уставниот поредок на Македонија, како што сметаат подносителите на иницијативите. 

Со овој Закон, според него не се повредува владеењето на правото, правото на живот, на слобода и Собранието има овластување да дава автентично толкување на Законот. 

Судијата Наташа Габер Дамјановска смета дека автентичното толкување е правно невалидно, со оглед на тоа што Македонија ги усвоила сите меѓународни протоколи и договори меѓу кои и оние кои се однесуваат на дела кои не застаруваат. 

Претседателот на Уставниот суд, Бранко Наумовски, рече дека уставните судии треба да оценуваат дали автентичното толкување дава поширок опфат на Законот. Судијата Гзиме Старова смета дека ако Судот во 2002 година веќе оценил дека член 1 од Законот за амнестија не е во спротивност на Уставот, според неа нема потреба да се оценува автентичното толкување. 

Уставните судии расправаа за четирите хашки случаи „Водство на ОНА“, „Липковска брана“, „Гробница Непроштено“ и „Мавровски работници“. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ пред година и половина со гласањето за автентичното толкување на Законот за амнестија одлучија да престане кривичното гонење на одговорните за четирите „Хашки случаи“, осомничени за воени злосторства од 2001 година, односно речиси цело раководство на ДУИ, коалицискиот партнер на ВМРО- ДПМНЕ. 

Уставните судии расправа врз основа на две иницијативи за оцена на уставноста на Законот за амнестија.

Помирување, а не амнестија

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи