1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Уставот на ЕУ – „привремено дело на крунисување на политичката работа на две или три генерации“

12 мај 2005

Германскиот Бундестаг денеска дебатира за ратифицирање Уставот на ЕУ. Канцеларот Герхард Шредер во владината изјава побара од пратениците во сојузниот парламент јасна определба во полза на европскиот устав, кого го оцени како „добар и фер компромис“. И покрај некои критички гласови, пред се’ од редовите на опозиционите демохристијанските партии на Унијата, веројатно нема да биде проблем да се обезбеди

https://p.dw.com/p/AcFX
Се очекува Бундестагот со убедливо мнозинство да даде согласност за Уставот на ЕУ
Се очекува Бундестагот со убедливо мнозинство да даде согласност за Уставот на ЕУФотографија: AP

неопходното двотретинско мнозинство во парламентот.

„Кој сака повеќе демократија во Европа, мора да гласа за овој устав“ – рече канцеларот во владината изјава пред парламентарците. Текстот на уставот, според Шредер, иако не може да ги исполни сите желби и да ги отстрани сите стравувања, е „многу добар и фер компромис“. „Со застапеноста на сите земји членки, на Европската Комисија, Европскиот парламент и сите национални парламенти во Конвентот, новиот устав има широка демократска легитимација“ – оцени канцеларот. Се засилува улогата на Европскиот парламент, националните парламенти добиваат дополнителни права на информирање и контрола, укажа канцеларот. „Со Уставот Европската Унија полесно ќе донесува решенија и истовремено ќе остане политички управлива. Со него Унијата ќе стане подемократска и поблиска до граѓаните“. За канцеларот уставот е „привремено дело на крунисување на политичката работа на две или три генерации“. Во овој контекст тој посебно укажа на значењето на германско-француските односи: без помирувањето и партнерството со Париз не ќе беше можно делото на европското обединување. „Посебната врска меѓу Германија и Франција е наследство и истовремено овбрска за нас и за идните генерации“ нагласи канцеларот.

Претседателот на Христијанско-демократската унија Ангела Меркел, и покрај критиките од сопствените редови, му оддаде признание на уставот означувајќи го како „историски чекор“. Во дебатата по владината изјава на канцеларот, Меркел покрај другото рече: „За нас нема алтернатива, освен да ја јакнеме Европа како заедница на мир и на вредности“. Таа потсети дека поранешните демохристијански канцелари Конрад Аденауер и Хелмут Кол ги поставија свртниците за обединување на Европа. И за Меркел текстот на уставот е оптимален резултат, иако, како што рече, „јасна религиозна одредница во него би ни помогнала појасно да го дефинираме нашиот идентитет“. Меркел најави широка поддршка за Европскиот устав од ЦДУ/ЦСУ. Сепак, се очекува дека до 20 демохристијански пратеници ќе гласаат против уставот.

Гласањето ќе биде околу пладне. Претставништвото на покраините, Бундесратот, за европскиот устав ќе гласа на 27-ми овој месец, на два дена пред референдумот во Франција.