1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Утврден редоследот на избирачкото ливче

СН/ЕМФ/миа24 февруари 2013

Редоследот на кандидатите на гласачкото ливче за локалните избори во Македонија беше утврден денеска (24.02) со жрепка што се одржа во Државната изборна комисија (ДИК).

https://p.dw.com/p/17kxX
Фотографија: MIA

Пред коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе стојат три различни бројки на престојните локални избори. Сите кандидати за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат под редниот број 18 на гласачкото ливче.

Во местата каде што коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ има 19 партии, односно таму каде што ДОМ на Лилјана Поповска има своја листа, треба да биде под реден број 6.

Во местата, пак, каде што коалицијата брои 18 партии, односно таму каде што свои листи имаат и ДОМ и Партијата на Турците на Хасипи, ќе биде под реден број 4.

Стевчо Јакимовски во Карпош ќе биде под реден број 8. Кандидатите за градоначалници и советници на ДУИ секаде ќе бидат под реден број 17, а оние на ДПА под реден број 22.

На денешната конвенција во Куманово, опозициската коалиција „Сојузот за иднината“ предводена од СДСМ усвои декларација од пет точки во која претстојните локални избори се означуваат како нелегитимни и се повикуваат граѓаните да ги бојкотираат. Инаку, утврдените листи на кандидати во општините во кои најмалку 20 проценти од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот се објавуваат покрај на македонски и неговото кирилско писмо и службениот јазик и писмо што го употребуваат граѓаните во таа општина.