1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Утре промоција на Алијансата за позитивна Македонија

СН/ЖА/макфакс25 јуни 2013

Поранешниот македонски премиер Владо Бучковски, новинарот и издавач Љупчо Зиков и стопанственикот Минчо Јорданов утре официјално ќе ја промовираат својата Граѓанската иницијатива за позитивна Македонија.

https://p.dw.com/p/18vel
Фотографија: Petr Stojanovski

Во денешното соопштение на Иницијативниот одбор на Граѓанското движење - алијанса за позитивна Македонија во кое се најавува утрешната промоција меѓу другото се наведува „Во Позитивна Македонија сме здружени и обединети граѓани од град и од село! Ние знаеме што треба и како треба да ја направиме посилна, поуспешна и попривлечна нашата татковина Македонија! Да ја направиме Македонија земја на можности за сите кои сакаат да живеат, да работат, да создаваат семејство и свое огниште овде! Дома. Големи можности за сите без разлика на пол, вера, националност и други разлики...

Затоа, почитувани наши пријатели би биле пресреќни да ни се придружите на патот на остварувањето на оваа благородна и благословена мисија ...“, стои во соопштението од Иницијативниот одбор.

Промоцијата на Граѓанското движење - алијанса за позитивна Македонија, ќе биде утре на пладне.