1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Утре 24-часовен штрајк на аеродромот во Франкфурт

19 февруари 2012

За утре на најголемиот германски аеродром се заканува сообраќаен хаос. Контролорите на летање најавија 24-часовен штрајк заради зголемување на платите.

https://p.dw.com/p/145ZW
Фотографија: picture-alliance/dpa

Франкфуртскиот аеродром се‘ уште е погоден од конфликтот меѓу управата и вработените контролори. Контролорите, кои во тарифните преговори бараат значително зголемување на платите, за утре од пет часот најавија нов 24-часовен штрајк. Во четвртокот и во петокот околу 200 контролори, организирани во синдикатот ГдФ, повеќе часови прекинаа со работата. Само во петокот поради тоа отпаднаа околу 300 од вкупно 1300 летови. Авионската компанија Фрапорт ги одбива барањата за повисоки плати на контролорите како претерани. Претседателот на сојузот на работодавачите Дитер Хунд во бесникот „Билд ам зонтаг“ изјави дека мала група луѓе од аеродромот врши уцена за да издејствува зголемување на платите од 50 до 70 проценти.

Автор: ЖА/СН/дв

Редактор: Симе Недевски