1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Учениците протестираат за Леонарда

АТ/ ард/ афп/ миа18 октомври 2013

Илјадници гимназијалци во Париз и други француски градови и денеска протестираа против протерувањето на 15 годишна Косовка од земјата. Тие побараа и оставка на министерот за внaтрешни работи.

https://p.dw.com/p/1A2HN
Фотографија: Reuters

Илјадници ученици во Париз втор ден по ред протестираа против протерувањето на соучениците со странско потекло. Тие ги блокираа влезовите до голем број училишта. На истокот на Париз еден протестен марш за извесен период целосно го блокираше сообраќајот. Протести имаше и во други француски градови.

Протестите се предизвикани поради протерувањето на 15 годишната Леондарда од Косово. Полицијата ја приведе за време на еден училишен излет, за заедно со семејството да ги протераат од земјата. Кратко потоа се обелодени и потерувањето на уште едeн ученик.

За одговорен се смета министерот за внатрешни работи Мануел Вали од редовите на Социјалистите, кој внатрепартиски е оспоруван поради неговиот строг курс против странците кои нелегално живеат во Франција. Некои социјалисти бараат дури и негово разрешување. Претседателот Франсоа Оланд, според наводи од Елисејската палата размислува за воведување на построги правила при протерувањето на ученции. Владата во текот на престојниот викенд има намера да се произнесе по однос на случајот.

Frankreich Demonstration gegen Deportation nach Kosovo und Armenia Paris
Фотографија: Reuters

Меѓу француското население меѓутоа министерот за внатрешни работи добива сѐ поголема поддршка. Во моментов тој е најомилен политичар во земјата.

Вчера илјадници ученици исто така учествуваа во демонстрациите до Министерството за внатрешни работи во Париз, со повик за „неодложно враќање“ на Леонарда и на 19-годишниот Ерменец Хачик, кој исто така беше депортиран минатата седмица.