1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Учениците тврдат дека не симулирале труење

БГ/миа19 февруари 2014

Гостиварските ученици тврдат дека не симулирале труење, туку дека имале такви симптоми. Тие реагираат на изјавите на медицинските експерти.

https://p.dw.com/p/1BBZ6
Фотографија: S. Toevski

Дел од учениците и вработените од средното економско училиште во Гостивар, кои во петокот побараа медицинска помош откако се пожалија на симптоми на труење, денеска реагирааат на информациите дадени од Судска медицина и Клиниката за токсикологија.

Директорот на Клиниката, Андон Чибишев, изјави дека сите болнички испитувања што биле направени во лабораторијата на Судска медицина не покажале знаци за постоење на штетно дејство на хемиска супстанца. Болничките наоди кај пациентите од Гостивар, кои во петокот беа примени на Клиниката за токсикологија во Скопје, не покажаа знаци за контакт со хемиски супстанци.

Според нив, тие информации во врска со случајот се непотполни и тврдат дека имало симптоми, а не симулации.

„Бараме од сите институции, што побрзо да го расветлат случајот, а партиите да не го злоупотребуваат настанот“, рече Јасмина Асани, професор во СЕОУ Гостивар и нагласи дека и таа била една од хоспитализираните.

Соопштението со реакцијата од средношколците беше прочитано само на албански јазик, а по инсистирање на новинарите еден од учениците се потруди на македонски јазик да објасни на што се однесува нивната реакција. По извршените анализи од клиниката за токсикологија и Судска медицина вчера излегоа со информација дека кај учениците и професорите не биле пронајдени никакви траги на труење. Вештачењата на МВР покажале дека во брисевите и облеката на учениците немало присуство на отровни супстанци. Во петокот 60-тина вработени и ученици од албанските паралелки во економското училиште во Гостивар побараа лекарска помош жалејќи се на отежнато дишење, печење на очите и гребење во грлото.