1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фармацевт-менаџер во Македонија со годишна плата преку 1 милион евра

СН/макфакс17 октомври 2012

Највисоката годишна плата во Македонија за 2011 година изнесувала околу 1,07 милион евра, најголемиот приход надминал 2,5 милиони евра, а најголем дополнителен приход изнесувал околу 930.000 евра.

https://p.dw.com/p/16RV2
Фотографија: Fotolia/Franz Pfluegl

Според податоците што денеска ги објави Управата за јавни приходи (УЈП) жител на Скопје пријавил вкупен бруто-приход за 2011 година во износ од 156.103.293 денари (2,53 милиони евра).

Десетте највисоки годишни приходи, како што соопшти УЈП, биле пријавени од скопјани, од што четворица граѓани пријавиле годишни приходи од над 100 милиони денари.

Највисоки годишни бруто плати, како и во претходните години, се регистрирани во секторите на фармацијата, банкарството и телекомуникациите.

Најголема плата, како и во 2010 година, имал менаџер во фармацевтската индустрија, чија годишна бруто плата за 2011 година, изнесувала 68.105.262 денари (1.07 милиони евра)

Дека оваа дејност е добро платена во Македонија, говори и податокот дека од 10-те прворангирани највисоки годишни бруто-плати, три се остварени од трговија или производство на фармацевтски производи и препарати. Покрај банкарскиот сектор и телекомуникациите, кои редовно се сектори со највисоки бруто-плати, за првпат се појавуваат и инженерството и месната индустрија.

Највисокото дополнително примање и надоместок од работен однос изнесува 57,7 милиони денари и било исплатено во Скопје.