1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фајад шеф на привремената палестинска влада

15 јуни 2007

*

https://p.dw.com/p/Ax7b

Претседателот на Палестинците Махмуд Абас го именува поранешниот министер за финансии Салам Фајад за шеф на владата што треба да ги врши работите за време на вонредната состојба. Нејзината власт фактички е ограничена само на Западниот брег. Досегашниот премиер Исмаил Ханија и натаму се спротивставува на распуштањето на владата.
Германското претседателство со ЕУ оцени дека било правилно решението на Абас за распуштање на владата на национално единство и прогласување вонредна состојба на палестинските автономни територии. Во изјавата се осудува насилното преземање на власта во појасот на Газа од страна на радикал-исламистичкото движење Хамас.

Израел искажа готовност за испорака на помош за цивилното население во појасот на Газа, но - како што рече премиерот Ехуд Олмерт - во моментов на палестинска страна нема партнер кому да му се обрати.