1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ФБИ: Успешна акција против детска проституција

ЖА/дв/дпа/ртре30 јули 2013

Во широкоопфатна рација ФБИ ослободи над сто сексуално злоупотребувани деца и младинци. Американските истражни власти детската проституција ја ставаат повисоко на агендата.

https://p.dw.com/p/19HK7
Фотографија: picture-alliance/dpa

Американското Федерално истражно биро (ФБИ) во акција за спречување на детска проституција спаси 105 малолетни лица, а приведе 150 осомничени.

ФБИ подолг период следела неколку интернет-страници кои нуделе сексуални услуги од малолетни лица. Тридневната операција била спроведена во 76 градови, при што се уапсени 150 лица. Спасените малолетни лица биле на возраст од 13 до 16 години. Во операцијата „Крис кантри“ беше изведена рација во казина, мотели и паркиралишта на автопатиштата. Надлежниот истражител Роналд Хоско истакна дека во фокусот биле местата каде на проституција биле принудувани девојчиња.

USA Razzia gegen Kinderprostitution 29.07.2013 Ronald Hosko
Роналд ХоскоФотографија: Brendan Smailowski/AFP/Getty Images

„Се обидуваме да го извлечеме ова кривично дело од табу-зоната и да го ставиме во фокусот на јавноста“, изјави Хoско. Првиот човек на Националниот центар за исчезнати и злоупотребени деца, Џон Рајан, рече дека преку рацијата уште еднаш јасно се покажало колку многу американски деца секојдневно се продавани за секс, често преку интернет“.

Зад акцијата на ФБИ стои иницијативата „Загубена невиност“. Преку неа, од основањето во 2003 година, беа спасени повеќе од 27 илјади сексуално искористувани деца. Во меѓувреме 1.350 од извршителите на кривични дела се осудени, десет на доживотен затвор.