Ферибот потона пред брегот на Занзибар
10 септември 2011На фериботот имало околу 600 патници. Досега се спасени најмалку 250 луѓе, од кои 20 се деца, соопшти владиниот претставник Иса Гаву. Акцијата на спасување, меѓутоа, не оди како што треба, затоа што спасувачите ја немаат неопходната опрема.
Преполниот ферибот ноќеска (09.09) се превртел на пат меѓу два острови на архипелагот. причината за несреќата засега е непозната. Еден од преживеаните, Абдула Сајед, изјавид ека фериботот бил прилично преполнет кога во раните утрински часови потонал во дел на океанот со големи морски струи.
Во пристанишниот град Стоун Таун илјадници луѓе чекаат вести за несреќата и акцијата на спасување. Некои од нив на фериботот имале по повеќемина членови од семејството.
Автор: ЕМФ/дпа/афп
Редактор: Борис Георгиевски