1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фестивалот во Кан - домен на мажите

Р. Ленц-Глајснер/ О.Гласенап/ А.Трајковска2 јуни 2013

Филмскиот фестивал во Кан е еден од најзначајните во браншата. Статистиките покажуваат дека мажите -режисери доминираат на фестивалот. Жените сепак со свои прилози се обидуваат да прикажат еден друг агол на киното.

https://p.dw.com/p/18g5F
Фотографија: Reuters

На црвениот тепих тие стојат во центарот, опкружени од нивните машки колеги - убав додаток. Но, зад камера, жените во Кан мора повторно да се бараат надвор од официјалната конкуренција.

Минатата година имаше незадоволство оти во главната програма не беше застапена ниту една режисерка, оваа година имаше една претставничка. Од 20 филмови тоа е квота на жените од само пет проценти. Кан - домен на мажите.

Германската режисерка Катрин Гебе нејзиниот филм го презентира во пропратната програма „О серте регар“. Таа е убедена дека на жените во општеството во основа им е потешко. „Верувам дека тоа доаѓа оттаму што мажите прашуваат мажи дали сакаат да работат со нив. Мислам дека тоа може постепено да се смени со тоа што жените ќе прашуваат жени дали сакаат да работат со нив. Така направивме и ние со нашиот проект, и тоа ненамерно. Но супер беше тоа што многу добро функционираше“.

Katrin Gebbe Cannes 2013
Режисерката на „Торе танцува“ Катрин ГебеФотографија: picture alliance / dpa

Нејзниот филм, воедно и единствениот германски претставник во официјалната програма на Кан, ја раскажува приказната за еден млад религиозен идеалист, кој консеквентно верува во доброто во луѓето. Но тогаш наидува на еден семеен татко, кој се однесува насилнички и уништувачки. 

За младата режисерка Катрин Гебе сепак е чест да биде во пропратната програма. Но дали тоа е така и за Софија Копола? Таа впрочем веќе е добитник на Златниот лав од филмскиот фестивал во Венеција. Сега нејзината последна подукција овде не се најде во главната конкуренција.

Нејзиниот филм е исполнет со женска јачина! Тинејџери упаѓаат во вилите на нивните идоли, сакаат да живеат како нив, им ја крадат нивната облека и накит.

Добар филм, достоен за главната конкуренција.

Копола, меѓутоа, не смета дека е грешка тоа што нејзиниот филм се прикажува „само“ во пропратната програма..., или недозволува да и' се забележи тоа.

„Има се' повеќе жени кои водат режија, значи има се' повеќе женски агол на гледање во кино.“

Ова звучи полно со самодоверба, меѓутоа со светот во Кан доминираат мажите. Стивен Спилберг е претседател на жирито. Во 66-годишната историја, жени само десет пати биле претседатели на жирито. Тоа е квота од едвај седум проценти.

Cannes Filmfestival 2013 Filmstill The Bling Ring Sofia Coppola
Сцена од филмот „The Bling Ring“ на Софија КополаФотографија: TOBIS Film

А режисерка како добитник на Златната палма? Тоа досега се случи само еднаш: Џејн Кемпион, 1993. Нејзиниот филм - „Пијано“. Филм кој сјае како осамен скапоцен камен во светкавиот свет на Кан.

Другите скапоцености жените овде ги шетаат за време на фестивалот. Дизајнери за накит изнајмуваат познати личности и модели. Тоа овде радо се гледа.

Но да се пробиеш поред сите великани во киното, тоа е тешка задача. Руската режисерка која живее во Берлин, Дариа Бјелова, успеа во тоа. Задршки во однос на жените во светот на филмот - тоа досега и‘ беше познато само во нејзината татковина.

„Еднаш се вратив во Русија и разговарав со еден продуцент. Тој рече: 'Ах, жена, хм'. Ова чувство веќе го имав заборавено. Во Русија се' уште има задршки, но во Германија е сосема сеедно дали си маж или жена. Таму всушност е важно што правиш“, вели Бјелова.

Филмот на Дариа Бјелова заслужи да биде прикажан во официјалната категорија на кратките филмови на Фестивалот. Но на програмата се најдоа претежно филмови снимени од мажи.

„Дојди и играј“ прикажува едно мало дете, кое играјќи си војна среде Берлин ненадејно е конфронтирано со минатото, со слики од Втората светска војна. Мрачен и продорен филм, но и поетичен.

DFFB Film - Grischa spielt Krieg Regie Daria Belova
Сцена од филмот „Дојди и играј“ на Дариа БјеловаФотографија: DFFB

Три жени, кои беа убедливи со своите филмови во Кан.

Но и покрај тоа за идната година не би требало да очекуваме премногу. Во Кан најверојатно повторно ќе доминираат мажите - со убави жени крај нив.