1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фетел- наследник на големиот Шумахер?

13 јули 2009

Трката во Формула еден за големата награда на Германија, натпреварувањата во тенискиот Дејвис куп , и Тур д франс беа настаните кои деновиве привлекоа најмногу внимание во спортсската јавност во Германија.

https://p.dw.com/p/ImOg
Себастијан ФетелФотографија: picture-alliance/ dpa

На патеката во Нирнбургринг, прва победа во настапите во Формула еден оствари Австралиецот Марк Вебер. Возачот на тимот од Ред Бул, иако беше казнет, трката ја заврши со 9,2 секунди предност пред клупскиот колега и миленик на домашната публика Себастијан Фетел. Младиот Германец, по победата во минатата трка за Големата награда на Велика Британија на патеката во Силверстоун не успеја да ги оствари големите очекувањата на Германците-да победи на домашната патека.

Шумахер беше Шумахер, Фетел е Фетел

Großer Preis von Deutschland
Марк Вебер(десно) и Себастијан Фетел (лево) остварија двојна победа за тимот на Ред БулФотографија: AP

Сепак во него многумина Германци гледаат наследник на големиот шампион, Михаел Шумахер, кој осумпати беше првак во натпреварувањата во Формула еден. Но има и поинакви мислења:

„ Тоа воопшто не би го гледал така. Шумахер имаше своја ера. Ние порано имавме други луѓе, во тенисот еден Борис Бекер, во скијањето Роси Митермаер. Но се случуваат промени, и тоа е добро. Фетел ќе биде Фетел. Шумахер беше Шумахер“, вели за „Дојче веле“ еден од најпознатите германски возачи во Формула еден кој во моментов работи како експерт за мотоспортот, Ханс Јоакин Штук .

Инаку Фетел со новоосвоените бодови се проби на второто место во вкупниот пласман во годинешнава сезона во Формула еден со 47 бодови.

Џенсон Батон од тимот на Брон ЏП кој иако беше петти во Нирнбургринг со 68 бодови и натаму е прв во генералниот пласман. На третото место е Марк Вебер со 45,5, а на четвртото падна Рубенс Барикело исто така од Брон ЏП со 44 бодови.

Инаку, триумфот во Нирнбургринг е втора двојна победа на тимот на Ред Бул во оваа сезона во Формула еден и трет труимф во последните девет трки.

Возачот на Ферари Фелипе Маса пак стигна до првиот пласман на подиумот во оваа сезона а зад него се пласира возачот на Вилијамс, Нико Розберг.

Изостана изненадување во Марбеља

Olympia, Tennis Olympiasieger Rafael Nadal, freies Bildformat
Шпанците против Германија настапија без најдобриот-Рафаел НадалФотографија: AP

Германската тениска репрезентација не успеја да го оствари сонот за пласман во полуфиналето во Дејвис купот. Во последниот сингл натпревар на жешкиот терен во Марбеља, дебитантот во германската репрезентација Андреас Бек не успеја да направи изненадување и загуби со 3:0 во сетови од поранешниот освојувач на Ролан Гарос, Хуан Карлос Фереро. Шпанија на тој начин и без вториот играч на АТП листата, Рафаел Надал, кој не настапи поради повреда, славеше против Германците со 3:2. Во претпоследниот вчерашен натпревар Филип Колшрајбер со победата од шест спрема два во сетови против фаворизираниот Фернандо Вердаско се погрижи за изедначување од 2:2 , со што за момент изгледаше дека изненадувањето е можно.

Но и покрај поразот, германскиот селектор Патрик Кинен беше задоволен:

„Се‘ направивме добро. Бевме со најсилниот состав овде и дадовме се’ од себе“, изјави тој за германската телевизија.

Шпанија во полуфиналето на Дејвис купот за противник ќе ја има репрезентацијата на Израел која славеше изненадувачка победа против Русија со 4:1

Во другото полуфинале ќе играат Чешка и Хрватска, кои на домашен терен со идентичен резултат од 3:2 беа подобри од репрезентациите на Аргентина и на САД.

Тимот на Астана држи се’ под контрола

tour de france 2009 4. etappe Team Astana
Тимот на Астана демонстрира супериорност на Тур д ФрансФотографија: AP

Денеска е ден за одмор на 96 велисипедска трка Тур Д‘ Франс. Вчера Французинот Пиер Федриго извојува победа на последната етапа низ Пиринеите. Велисипедистот од тимот Бојжу Телеком успеа да слави по извозени 160,5 километри меѓу местата Сан Годен и Тарб пред Франко Пелицоти од Италија.

Жолтата маичка за најдобар возач во вкупниот пласман успеја да ја одбрани Италијанецот Риналдо Ночентини. Тој меѓутоа и натаму води пред фаворизираните возачи од тимот на суперѕвезди „Астана“, Шпанецот Алберто Контадор со шест секунди и од седумкратниот победник на Тур Д‘ Франс, Американецот Ленс Армстронг со осум секунди. Белата маичка за најдобар млад професионалец и натаму ја носи германскиот велосипедист Тони Мартин.

Утре следува десеттата етапа во должина од 194,5 километри, која ќе се вози меѓу Лимож и Исудон. По почетокот со три искачувања од трета категорија следува главно рамен терен, што ќе значи нова можност за спринтерите да дојдат во преден план.

Автор:СН/ЖА/дв/дпа
Редактор: Жана Ацеска