1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фетел љуби да победува

30 октомври 2011

Старо- новиот шампион во Формула 1, Германецот Себастијан Фетел победи на трката за Големата награда на Индија, одржана за првпат во историјата на ова натпреварување.

https://p.dw.com/p/131uK
Победа на Фетел на трката за Големата награда на ИндијаФотографија: dapd

Двократниот светски шампион во Формула 1, Себастијан Фетел ја освои 11-та победа сезонава, откако беше најбрз на трката во Индија, одржана за првпат во историјата.

24-годишниот Германец не го испушти првото место во сите 60 круга, откако започна од пол-позицијата на патеката во Њу Делхи. На второ место остана Британецот Џенсон Батон. Шампионот од 2009 година заврши на 8,4 секунди од Фетел и го претекна Алонсо во борбата за второто место во генералниот пласман. Токму Шпанецот заврши на третото место во Индија на 24,3 секунди зад победникот.

Луис Хамилтон и Фелипе Маса, пак, повторно се судрија шестипат во сезоната. Бразилецот се откажа малку по судирот, а Хамилтон заврши на седмото место.

Автор: СН/ АТ/ мф/ дпа

Редактор: А. Трајковска