1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Филе гледа шанса за решение за името

19 февруари 2010

ЕУ комесарот за проширување Штефан Филе порача дека Македонија треба да ја искористи можноста што постои за решавање на спорот со името. Премиерот демантира дека дал конкретен предлог за името пред европратениците.

https://p.dw.com/p/M5sS
ЕУ комесарот Филе и премиерот ГруевскиФотографија: Peter Stojanovski

Македонија треба да ја искористи можноста што постои за решавање на спорот за името со цел да продолжи процесот на нејзината евроинтеграција, порача денеска во Скопје, комесарот на ЕУ за проширување, Штефан Филе. „Има таква можност во овие неколку месеци и најдобро е таа да се искористи“, изјави Филе. Тој побара од македонските власти да ги засилат реформите во областа на јавната администрација, судството и борбата против корупцијата.

Mazedonien EU-Parlamentarier Jorgo Chatzimarkakis Skopje
Европарламентарецот Јорго ШацимаркакисФотографија: Petr Stojanovski

Германскиот европарламентарец Јорго Шацимаркакис денеска (19.02.2010) соопшти дека Груевски претставил предлог за решавање на спорот за името, но одби да каже детали. „Во наредните денови ќе биде обелоденет предлогот“, изјави германскиот европратеник. Тој предупреди дека доколку не дојде до решение за името, на земјата и претстои застој и можна замореност кај граѓаните од Европа. Македонскиот премиер Никола Груевски демантираше дека на средбата со европарламентарците презентирал конкретен предлог за надминување на спорот за името.

Во целата неизвесност, дали македонската влада има нова инцијатива за решавање на спорот со името, двосмислен одговор дојде и од претседателот на владејачката ДУИ, Али Ахмети. Важните теми, договори и преговoри, не се прават пред медиумите, изјави Ахмети по средбата со еврокомесарот за проширување. Сите сме фокусирани да се изнајде решение, и ДУИ ќе има конструктивна улога да се надмине спорот со името, рекол Ахмети. Европскиот комесар за проширување Штефан Филе се среќава и со претседателот на СДСМ, Бранко Црвенковски.

Автор: БГ/АТ/АЧ/миа