1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Филе: Датумот за преговори зависи исклучиво од Србија

ЕМФ/миа/бета30 август 2012

Добивањето датум за преговори зависи исклучиво од тоа дали и кога Србија ќе ги исполни условите, изјави еврокомесарот за проширување на ЕУ Штефан Филе по средбата со потпретседателката на српската влада Сузана Грубјешиќ.

https://p.dw.com/p/160F0
Фотографија: picture-alliance/dpa

Според Штефан Филе, клучен во условите што се поставени до Србија е дијалогот со Косово:

„Радосен сум што гледам дека новата српска администрација е посветена на работа за стратегијата за евроинтеграција на земјата. Европската комисија ќе продолжи да ја советува и поддржува Србија во тие чекори, а еден од клучните приоритети оваа земја треба да ги оствари е да се добие видно и одржливо подобрување на односите со Косово. Ова е клуч за отворање на преговорите за пристап во Унијата. Важна е имплементација на договорот до дијалогот Белград-Приштина, што дозволува да се оди напред. По денешниот состанок со Грубјешиќ, јас сум сигурен дека водство на Србија го знае ова и сака да направи натамошен прогрес и во индина, истакна комесарот Филе, посочувајќи и дека од Србија се очекува сигурно владеење на правото во земјата, напредни судски реформи и борба со корупцијата и организираниот криминал“, рече Филе денеска (30.08) во Брисел.

Српската вицепремиерка, пак, истакна дека нивен нaјвисок приоритет е да се добие датум за старт на преговорите за членство во ЕУ што е можно побрзо:

„Новата Влада е посветена на имплементирање на се‘ она што е договорено на техничкиот дијалог со Приштина од страна на претходната Влада. Сакаме да се финишира техничкиот дијалог, посебно во врска со телекомуникацијата и енергетската област и да се овозоможи политички дијалог на највисоко ниво со цел да се изнајде одржливо решение за турбулентниот регион во кој се наоѓаме. Фер решение со Албанците ќе осигура мирна стабилност во регионот’, посочи Грубјешиќ, која за идната недела го најави и доаѓањето на српскиот премиер, Ивица Дачиќ во Брисел.

Serbien EU Flagge
Фотографија: Reuters

Во врска со можноста Србија да добие позитивен извештај и препорака од Европската комисија за почеток на преговори и кога ќе се случи тоа, еврокомесарот Филе истакна дека не сака да се занимава со календари и да гата во кристална топка, но посочи дека е јасно што треба да стори Србија за да го добие тоа, бидејќи Европскиот совет ги даде забелешките во минатогодишниот извештај.

„Наша задача и мандат е да дадеме позитивен извештај до Советот кога ќе бидат исполнети условите од страна на Србија“, рече Филе во Брисел, според кого некогаш европските функционери знаат да критикуваат и да делат лекции, но дека е тоа за доброто на земјите-кандидати, бидејќи „тие аплицираат за членство во ЕУ”!

Српската вицепремиерка додаде дека посакуваат датум „уште утре“, но дека тоа останува на официјален Брисел да го одлучи.