1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Филе: Дојде време за решавање на спорот за името

ЖА/миа28 септември 2013

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе побара засилени напори од Грција и Македонија во спорот за името за ЕК да ги исполни препораките кои ги дава со години за почеток на преговори за членство на Македонија.

https://p.dw.com/p/19pr0
Фотографија: DW/ A.Gazazyan

„Јас изразив поддршка за овој процес и повторно повикав двете страни итно да сторат сѐ што може за да се разреши ова прашање. Тоа е причината што земјата не може да го преземе следниот чекор кој Комисијата одново и одново го препорача, а тоа е да се отворат преговорите за членство. Не сакам однапред да судам што ќе се случи оваа година во извештајот за напредок, но мислам дека е дојдено време да се разреши ова прашање. Притоа да не се гледа само цената на евентуалниот компромис, туку и цената на неодењето напред и одржувањето на состојбата во статус кво уште една или повеќе години“, изјави комесарот Филе, кој вчера имаше средби во рамките на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк. Филе во понеделникот се сретна со посредникот во разговорите, Метју Нимиц.

Во октомври се очекува новиот извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија. Од 2009 година, Комисијата препорачува отворање на преговорите за Македонија, но Грција редовно ја блокира оваа одлука на ниво на Европскиот совет, каде што грчкиот претставник има право на вето.