1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Филе и' ги наброја приоритетите на Македонија

АМ/макфакс23 јули 2013

По 10 состанок на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу Македонија и ЕУ, Филе е дециден - реформите мора да продолжат. Тој бара слобода на говорот во Македонија и усвојување на препораките за законите за медиуми.

https://p.dw.com/p/19DF5
Фотографија: picture-alliance/dpa

Имплементацијата на договорот од 1-ви март, состојбата со слободата на говорот и добрососедските односи, ова се трите работи на кои Македонија мора да обрне внимание, порача еврокомесарот за проширување Штефан Филе по состанокот во Брисел со шефот на македонската дипломатија Никола Попоски и со вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими.

„Имплементацијата на договорот од 1-ви март е есенцијална. Жалам за оставката на претседателот на анкетната комисија, знаеме дека имаше напредок, но на крај препораките мора да се прифатат, како истите би обезбедиле успешна политичка агенда“, изјави Филе.

Еврокомесарот ги повика македонските власти да ги спроведат и реформите поврзани со плурализмот и слободата на говорот, како што се усвојувањето на препораките во однос на новите два закони за медиуми. За спорот за името со Грција, Филе потенцира дека за ова прашање значаен е календарот, односно што поскорото решавање на овој проблем.

Советот за стабилизација и асоцијација потсети дека Спогодбата за стабилизација и асоцијација останува суштинската основа за односите меѓу ЕУ и Република Македонија сe до нејзиното пристапување во ЕУ, а самата спогодбата обезбедува и договорна рамка за заемна соработка според која се разгледува развојот на меѓусебните односи.