1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Филе: Мирот и воздржаноста се приоритет број еден

СН/ЕМФ/миа17 април 2012

Убиството на пет лица во близина на Скопје треба темелно да се испита и да се направи се’ за да не се влоши меѓуетничкиот соживот во земјата, изјави еврокомесарот за проширување Штефан Филе.

https://p.dw.com/p/14fHP
Штефан ФилеФотографија: dapd

Коментирајќи ги убиството на петте лица во близина на скопската населба Радишани, комесарот на ЕУ за проширување Штефан Филе им порача македонските политичари да апелираат за мир и воздржаност.

Тоа е приоритет број еден, потенцира еврокомесарот, и подвлече оти Европската комисија засега нема никакви информации оти оваа страшна случка има некакво етничко потекло.

Тој во изјава за чешката новинска агенција ЧТК, посочи дека Европската комисија веќе неколку недели со Македонија развива пристапен дијалог на највисоко ниво.

„Европската унија сака да постигне влезот на Македонија во ЕУ повторно да стане приоритет и да ги ’избрише’ националистичките слогани од првите страници на медиумите“, вели Филе.

Тој потсети дека Европската комисија веќе неколку години препорачува Македонија да ги започне официјалните преговори за пристапување кон Унијата, но оти Европскиот совет засега не постигна консензус за ова прашање. Според еврокомесарот, на Македонија во нејзините реформи и недостасува институционалната рамка и силна европска поддршка.