1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Филип Гордон во Атина ќе го отвори и прашањето за името

ЖА/миа27 јули 2012

При посетата на помошникот државен секретар на САД, Филип Гордон на Атина ќе биде отворено и прашањето за Македонија и најновите информации по посетата на генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун на Mакедонија.

https://p.dw.com/p/15fBR
Фотографија: AP

Ова вчера го изјави Викторија Нуланд, портпарол на американскиот Стејт демартмент на средба со новинарите.

„Заменикот државен секретар Гордон е во Атина каде ќе разговара за цела низа билатерални и регионални прашања, вклучително и економските прашања, а кога се работи за Грција и ова прашање ќе биде поставено“, изјави Викторија Нуланд на прашањето дали Гордон во Атина ќе ја провери подготвеноста на грчиот премиер Самарас за разговори со Македонија.

Во најавите на посетата на Гордон на Грција, доминира укажувањето на економските проблеми со кои се соочува земјата.

Неодамна во Вашингтон поранешниот висок функционер на Стејт департментот, Курт Волкер, предупреди дека Грција во август нема да биде во состојба да продолжи да го сервисира својот долг. Волкер тогаш оцени дека економската криза во земјата го оневозможува решавањето на други прашања, како што е спрот за името.