1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Филмот и политиката

Силке Бартлик10 февруари 2009

Киното е важен инструмент со кој може да се расветлат неправилностите и светот да се промени. На 59 Берлинале беа прикажани неколку поинакви филмски приказни поврзани со политиката.

https://p.dw.com/p/Gqvy
Сцена од филот посветен на КашмирФотографија: Berlinale

Неколку млади режисери преку своите филмови сакаа да прикажат една поинаква страна на конфликтните подрачја низ светот. Еден од нив е Израелецот Уди Калони. Откако доби виза од индиската влада отиде во Кашмир каде го снимаше документарецот: „Кашмир патување кон мир“. Во него има неколку храбри жители од регионот кои зборуваат дека им е жал што живеат во вакво кризно подрачје во кое царува насилството. Кашмир со децении е конфликтен регион, а ривалите Пакистан и Индија сметаат дека тие се легални претставници на кашмирските интереси и на тамошното претежно муслиманско население.

“Фимот е политички, но претставува една друга димензија на политиката. Повеќе се работи за тоа што значи политиката на мир, политиката за луѓето, политиката за угнетените. Имајте на ум дека сум Израелец и Евреин. Дел од мојата мисија овде е да се креира вистинска солидарност со муслиманите, но со оние кои не употребуваат насилство. Имам впечаток дека светот ги користи Евреите за да се бори со исламот. Но, сметам дека Евреите и муслиманите се браќа,“ вели Калони.

Terrorismus Camps Afghanistan
И авганистанските бунтовници- Талибанците, една од темите на БерлиналетоФотографија: picture-alliance/ dpa

Кашмир може да биде мост кон мир. Во тоа се убедени пред се младите приврзеници на Ослободителниот фронт Јаму Кашмир, кои Алони ги претставува во својот филм. Незабележани од јавноста и без употреба на насилство тие се борат за слободен Кашмир во кој различните култури и религии ќе живеат заедно во мир.

Љубовна приказна од Кабул

За потрагата по ориентација се зборува и во филмот „Моето срце го гледа светот црно - една љубов во Кабул“. Пет години, германската режисерка Хелга Реидемајстер работеше на овој документарец и постигна неверојатна блискост со протагонистите во приказната. Тоа е пар којшто сонува за заеднички живот иако на патот им стојат многу препреки.

„Тие се типичен пример за прогресивниот дел на општеството. Тие се срдечни, отворени и веруваат во промени. Сакаат самите да си го уредат животот, а не да живеат според племенските или семејните закони или според старите ритуали. Во таа смисла тие се неконвенционални,“ вели Хелга.

Вљубените се среќаваат онолку често колку што можат. Таткото на Шаима сеуште не и дозволува да се разведе од еден маж којшто ја има купено да му биде четврта жена. Исто така и мајка му на Хосеин е против нивната врска. Таа стравува од крвна освета но смета и дека нејзиниот син нема да може да го прехрани своето семејство. Сиромаштијата го натерала да се бори за Талибанците, но настрадал и останал хендикепиран, поради што морал да се врати дома. Секогаш станува збор за религија и традиција, вели Хосеин. Но, тој е свесен дека во разореното авганистанско општество се` се врти околу парите.

Lebensmitte Kennzeichnung Gentechnik
Генетски модифицираната храна-тема на документарецот „Кулинарско кино“Фотографија: picture-alliance/ dpa

„Да имаш вакви погледи на светот, а при тоа да не знаеш да читаш, и да знаеш се’, тоа навистина ме фасцинира,“ вели режисерката Реидмајстер.

Каква храна консумираме?

Американците и Европејците во принцип се писмени и имаат слободен пристап до медиумите. Но, во основа поголемиот дел од нив не знаат дека на големите прехрамбени концерни кои доминираат низ светот, профитот им е поважен од добросостојбата на животните или здравјето на нивните вработени или потрошувачите. Темната страна на оваа индустрија ја прикажува американскиот документарец „Кулинарско кино“. Првиот човек на „Берлинале“, Кошлик коментира:

„Филмот покажува дека додека мислиме на проблемите од финансиската криза, следната катастрофа со истите димензии ни е зад врата. Тоа е всушност производството на прехрамбените производи.“

Генетски модифицирани житарици, сточна храна полна со медикаменти, животни допингувани со хормони и токсични остатоци во многу сите производи, а речиси никој не презема ништо против тоа, се заклучува во филмот на режисерот Кенер.