1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Филмот „Софи Шол - полседните денови“ номиниран за Оскар

1 февруари 2006

Германскиот филм „Софи Шол – последните денови“, во кој се зборува за групата на отпор против националсоцијалистичкиот режим наречена „Бела Роза“ е номиниран за Оскар во катргоријата најдобар филм од неанглиско говорно подрачје. Синоќа во Лос Анџелес беа познати и другите филмови кои годинава ќе бидат во жешка трка по златната статуетка.

https://p.dw.com/p/AeTd
Сцена од филмот „Софи Шол - последните денови“
Сцена од филмот „Софи Шол - последните денови“Фотографија: Internationale Filmfestspiele Berlin

„Софи Шол - последните денови“ – е гермаснкиот филм кој годинава ја доби номинацијата за Оскар. Филмот на режисерот Марк Ротемунд, кој ги прикажува последните шест денови од животот на борецот од отпорот Софи Шол и нејзиното убиство од страна на Нацистите, во Лос Анџелес ќе се натпреварува во категоријата најдобар филм од странско говорно подрачје. И покрај тоа што филмот веќе собра голем број награди; главниот лик Јулија Јенч на минатогодишното Берлинале беше наградена како најдобар актерка, Марк Ротемунд доби сребрена мечка, а и двајцата ја добија и европската филмска награда, режисерот е изненаден од ниоминацијата за Оскар

„Во последниве денови се информирав: тоа се 60 филмови, најдобрите филмови од 60 земји и некои од нив ги гледав. Сите се супер филмови. Поради тоа не сметав дека ние ќе успееме со нашиот филм. Сега имаме топ 5, сите се различни и извонредни филмови, незнам дали смееме да се надеваме.“ истакна Ротемунд

Приказната за Јулија Јенч како Софи Шол и борбата со „Белата роза“ ги допре срцата на гледачите. Режисерот истакнува дека токму оваа борба секогаш ќе биде актуелна

„Филмот е сведок и она што речиси и мене самиот ме изненади е колку е актуелен филмот. Бевме во Јужна Америка, во Кина, Јапонија Кореја. Бевме во Аргентина, Бразил и Шпанија. Многу земји имаат свои диктатури. Она што го забележав на ова патување низ светот е дека она за што се бореше „Белата роза“ е интернационално и присутно во денешнината.“ истакна Ротемунд.

Токму филмот Софи Шол прикажува дека и во времето на нацистичките недела имало храбри луѓе и во Германија кои покажувале цивилен кураж, забележува пак државниот министер за култура Бернд Нојман кој меѓу првите честиташе за номинацијата за Осакар

Во категоријата најдобар филм од неанглиско подрачје номиниран е и филмот „Мери Крисмс“ со германските актери Бено Фирман, Даниел Брил, но и „Парадис Нау“ филм за двајца палестински потенцијални атентатори самоубијци.

Вчера вечер во Лос Анџелес најмногу номинации освои хомосексуалната драма „Брокбек Маунтајн“, меѓу другите и во категориите најдобар филм, режисер и најдобра машка главна улога. Само две номинации помалку освоија филмовите „Креш“ и „Гуд Најт енд Гуд Лак“ од и со Џорџ Клуни. На Оскарот може да се надеваат и делата „Капоте“ како и „Минхен“ на Стивен Спилберг.

Но до чии раце годинава ќе стигнат Оскарите останува да почекаме до официјалнотот доделување на 6 март во Лос Анџелес.