1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Финалето во Лигата на шампионите во 2015. во Берлин

БГ/афп23 мај 2013

Германскиот главен град за првпат е избран за домаќин на финалето на најсилното европско фудбалско клупско натпреварување. Мечот ќе се игра на Олимпискиот стадион

https://p.dw.com/p/18coc
Фотографија: picture-alliance/dpa

Берлин ќе биде домаќин на финалето од Лигата на шампионите во сезоната 2014/2015 соопшти денеска УЕФА, по дводневниот состанок во Лондон кој се одржа во пресрет на годинешното финале кое ќе се игра на Вембли.

Финалето во Лига Европа во истата сезона ќе се игра во Варшава.

Годинава, дуелот меѓу Бајерн Минхен и Борусија Дортмунд ќе се игра во Лондон, додека следната сезона дуелот на најдобрите е закажан на стадионот Да Луж во Лисабон.

Берлинското финале ќе биде осмото на германска почва. Последното се одигра во 2012 година на стадионот на Бајерн Минхен, Алијанц Арена. Бајерн го загуби финалето од Челзи на пенали.

Олимпискиот стадион во Берлин е изграден од нацистичката влада на Адолф Хитлер за Летните олимписки игри во 1936 година, и има капацитет од 76 илјади гледачи.

На овој стадион се играше финалето на Светското фудбалско првенство во 2006 година, а на него од 1985. година се одржува и финалето на германскиот фудбалски куп.