1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Финале во четвртфиналето на германскиот фудбалски куп

ЕМФ/дв27 февруари 2013

Во Минхен денеска (27.02), во четвртфиналниот натпревар од германскиот фудбалски куп, играат Бајерн и Борусија Дортмунд. Во вториот меч вечерва се среќаваат Штутгарт и Бохум.

https://p.dw.com/p/17mRZ
Фотографија: Bongarts/Getty Images

Двајца полуфиналисти се веќе познати: Фрајбург и Волфсбург. Последниот третолигаш во купот Кикерс Офенбах (фото горе: сцена од натпреварот) не успеа да се спротивстави доволно на рутинираниот Волфсбург и на домашен терен загуби со 0:2. Офенбах во досегашниот тек на купот успеа да победи три тима од повисоките лиги, но Волфсбург беше посилен противник од Диселдорф, Гројтер Фирт и Унион Берлин претходно. Играта меѓу прволигашот и третолигашот беше решена во второто полувреме. Ивица Олиќ во 49. минута и Бас Дост во 71. минута му ја донесоа победата на Волфсбург.

Во Мајнц пак, Фрајбург напиша историја, односно успеа и покрај тоа што губеше со 0:2, по продолженијата да се пласира натаму. Двата гола Фрајбург ги прими во првите четири минути од натпреварот, но тимот успеа да се соземе. Во последните пет минути од мечот постигнато е изедначување со головите на Сантини и Калигури. Во продолженијата, Калигури со својот втор гол на натпреварот успеа да му донесе победа на својот тим.