1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Финале: Германија-Шпанија

Nedevski, Sime27 јуни 2008

Шпанците се пласираа во финалето со победата над Русија во второто полуфинале на ЕП. Шпанија за првпат е во финалето на едно големо натпреварување по 24 години кога на ЕП во Франција загубија од домаќинот.

https://p.dw.com/p/ERpK
Шпанците го слават првиот од трите гола против РусијаФотографија: AP

Репрезентацијата на Шпанија одигра извонредно особено во второто полувреме од натпреварот . Одбраната на Шпанците беше сигурна и успешна во најголем дел од натпреварот и практично ги исклучи од игра, напаѓачките ѕвезди на Русите, Аршавин и Павлјученко.

Среден ред од екстра класа

Но клучот на успехот на Шпанците беше извонредниот среден ред , кој практично не им остави простор на Русите да ја развијат нивната брза и интензивна игра, со прецизни додавања. Фудбалската вештина на Сења , Чави, Ињеста , Силва и пред се на Фарбрегас, во второто полувреме беше беспрекорно демонстрирана на Ернст Хапел стадионот во Виена . Додавање на Ињеста до Чави за првиот и на двапати Фабрегас до Гуиса и Силва за вториот и третиот гол и беше урнат сонот на избраниците на Холанѓанецот Гус Хидинк за пласман во финалето.

Шпанскиот сон продолжува

„Ова е специјална ноќ .Не се влегува секогаш во финале на Европско првенство. Ние сме среќни но работата сеуште не е завршена. Дојдовме овде за да го освоиме турнирот и ќе се обидеме да го направиме тоа“ - изјави играчот на мечот Сес Фабрегас . Тој им се заблагодари на шпанските навивачи на стадионот но и во татковината за подршката :

„ Секогаш е убаво да се види дека сите го подржуваат тимот . Иако на почетокот не можеа да веруваат дека ќе влеземе во финалето . Меѓутоа конечно успевме во тоа и сите од нас сега очекуваат нешто големо“

За да го остварат тоа Шпанците мораат најнапред да ги победат Германците. Иако според досега прикажаното на турнирот Шпанија важи за фаворит, сепак избраниците на Јоаким Лев , покажаа дека се посебно мотивирани кога играат против фаворитите , каков што бше случајот со Португалија.


Ќе биде многу тешко во финалето

„Очекуваме многу . Мислам дека Германците во изминатите години покажаа дека се еден од најсилните тимови во светот и лично ги почитувам за она што го имаат остварено. Ние знаевме дека тие би можеле да бидат еден од финалистите . Ќе биде навистина, навистина тешко“

Играчите но и селекторот на германската репрезентација внимателно го следеа синоќешното финале:

„Да, тоа беше впечатлив настап на Шпанците , зашто тие покажаа , како впрочем и на целиот турнир , дека се многу константни . Тие ги одригра сите натпревари на добро ниво и имаат се разбира технички извонредни фудбалери“ -истакна по средбата германскито селектор Јоаким Лев. Тој смета дека со Шпанците ќе биде многу потешко да се игра отколку со Португалците , кога Германците успеаја да го неутрализираат нивниот силен среден ред :

„ Тие играат со повеќе варијанти отколку Португалците , зашто Португалците играат многу позиционирано , додека видовме како Шпанците , во средниот ред значи Чави, Силва, Ињеста и Фабрегас постојано ги менуваат позициите и постојано се приклучуваат во нападот. Тие се флексибилни а со самото тоа и непредвидливи“ -истакна Лев .