1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Финансиската криза го засени Генералното собрание на ОН

24 септември 2008

Денес во Њујорк продолжува 63 Генерално собрание на ОН. Почетокот на заседанието мина во знакот на светската финансиска криза.

https://p.dw.com/p/FNsQ
ОН, ЊујоркФотографија: AP

Генерланиот секретар на ОН Бан Ки Мун изрази загриженост во прв ред за судбината на сиромашните во светот. Бан побара од владите на 192 земји членки на ОН повторно да ги стабилизираат финансиските пазари, во поинаков случај се загрзозува борбата против сиромаштијата во светот. Во неговиот говор на почетокот на заседанието тој прикажа мрачна слика за ситуцијата во светот. Покрај финансиската криза ги наведе и заканите од енергетската и кризата со прехранбени производи како и новите војни и насилства.

Буш оптимист

Наспроти него американскиот претседател Џорџ Буш изрази уверување дека проблемите може брзо да бидат решени. Буш нагласи дека му е јасно оти светот набљудува, како САД реагира на финансиската криза. Америка според неговите зборови презема храбри економски мерки за да спречи економска криза ширум светот.

UN Vollversammlung in New York 23.09.2008
Џорџ Буш во ОНФотографија: AP

Во однос на борбата против тероризмот американскиот претседател нагласи дека не е доволно меѓународната заедница само да ги осудува терористичките чинови. Потребоно е заеднички да се делува „Како суверена држава имаме обврска одговрно да раководиме и да ги надминеме проблемите, пред да ги поминат границите. Имаме обврска да ја заштитиме нашата територија пред да биде користена како прибежиште за тероризам и организиран кириминал. Имаме обврска да ги почитуваме правата и да одговориме на потребите на нашиот народ. Меѓународната организација ги има овие обврски.“ истакна Буш.

Конкретни барања од Саркози

Во својот говор најконкретен беше францускиот претседател Никола Саркози. Во името на Еврпската унија тој побара опсежна реформа на глобалните финансиски пазари за да се заврши со „нерегулираниот капитализам“. Саркози даде предлог, уште пред крајот на годинава да се оддржи самит за најпогодените земји од финансиската криза и се заложи за транспарентност на финасиските пазари. Францускиот претседател се заложи и за проширување на Советот за безбедност и Г8 групата. „ Светот во 21 век неможе да се раководи преку институциите од 20 век“ подвелече Саркози.

UN Vollversammlung in New York 23.09.2008 Nicolas Sarkozy
Говорот на Никола СаркозиФотографија: AP

Ахмадинеџад во Њујорк

Во Њујорк турскиот претседател Абдула Ѓул најави дека неговата земја во 2009/2010 година има намера да се кандидира за непостојано место во Советот за безбедност. Српскиот претседател Борис Тадиќ пак пред Генерланото собрание се заложи за барањето на неговата земја, ОН да му дадат налог на Меѓународниот суд во Ден Хаг да ја испита правната издржаност на косовската сецесија.

Вечерва пред Генералното собрание на ОН треба да говори и иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад. На вториот ден на генерланата дебата предвидено е да се разговара за развојната политика, разоружувањето и надминување на кризите.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема