1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Финансиските пазари контра регулаторите

14 февруари 2012

Откако изби светската економска и финансиска криза, регулирањето на финансиските пазари е една од централните задачи на политиката. Но, надзорот и регулирањето можат да бидат и подобри.

https://p.dw.com/p/1438G
Фотографија: Reuters

Шефот на управниот одбор на Дојче Банк, кој си заминува од функцијата, не изгледаше посебно задоволен, кога неодамна го објави последниот биланс.

„Инвестициските банки, дури и при подобри пазарни околности, во догледно време нема да можат да го постигнат високото ниво од најдобрите времиња“, прогнозираше Јосеф Акерман за неговата бранша.

Реформата на финансиските пазари, онака како што политиката ја најави во зенитот на финансиската и економската криза, се’ уште е во почетна фаза. Ова го признава и германската влада. „Може да се каже дека по некои точки научивме нови работи, но се’ уште сме далеку од тоа да бидеме вооружени, за кризи како онаа во 2008- 2009 година повеќе да не се создаваат“, изјави Ангела Меркел по средбата со експертската комисија „Нова архитектура за финансиските пазари“ во Берлин. Ангела Меркел во 2008 година на оваа комисија, под раководство на поранешниот претседател на ЕЦБ Отмар Исинг, и‘ даденалог да изработи предлози за реформи.

23.12.2011 Made in Germany Issing
Отмар Исинг, економски експертФотографија: DW-TV

Извештаи на комисијата на Исинг

Со својот петти извештај комисијата на Исинг ја заокружува својата работа. За канцеларката Меркел прилика да направи пресек за постигнатото. Теоретски, прашањето како мораат да бидат реформирани финансиските пазари е веќе одговорено, но уште треба да се работи на прашањата, на пример, колку брзо тие ќе бидат спроведени. На самитот на Г-20, 20-те најважни индустриски и земји во развој, постоеше „одредена воздржаност“ во предавањето на националниот суверенитет, во полза на меѓународните организации.

Но ова не е најголемиот проблем. Многу повеќе зависи од структурата на финансиските пазари, каде т.н. банки во сенка играат значајна улога. Станува збор за претпријатија, кои вршат финансиски услуги како банка, но притоа не се конотрлирани од финансиските надзорни органи како регуларен кредитен институт. Кон нив спаѓаат и хеџ-фондовите, приватните финансиски инвеститори или т.н. друштва со специјална инвестициска цел, кадешто банките ги поместуваат ризичните зделки, кои за нив се невозможни. Според проценките, секторот со т.н. банки во сенка во светски рамки опфаќа околу 60 илјади милијарди долари, од кои не така не значаен дел отпаѓа на Лондон.

Светла и темна страна

Германската канцеларка Ангела Меркел неодамна на Светскиот економски форум во Давос појасни дека регулирањето на т.н. банки во сенка ќе се оддолжи уште две години. Оваа проценка можеби е и оптимистичка. Имено, во петтиот извештај на експертската Комисија се предлага, како прв чекор, индиректно регулирање на секторот - на пример, да бидат ставени под надзор контактите на официјалниот банкарски сектор со т.н. банки во сенка, за да завладее транспарентност.

Deutschland Wirtschaft Symbolbild Bankenviertel in Frankfurt Hochhäuser Türme
Банките во ФранкфуртФотографија: dapd

„Доколку точно би се знаело кои ризици лежат во секторот на т.н. банки во сенка, тогаш тоа би бил огромен напредок“, појасни претседателот на Комисијата, Отмар Исинг. Се’ друго би биле само „предлози кои само добро изгледаат на хартија“, но во моментов  „немаат шанса да бидат спроведени“. Најавата дека секое место, секој продукт и секоја институција на меѓународните финансиски пазари во иднина би требало да бидат контролирани, е далеку од нејзиното спроведување.

Автор: Сабине Кинкарц / Александра Трајковска

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска