1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ФИФА доживотно суспендира јужнокорејски фудбалери

АТ/ бета9 јануари 2013

Светската фудбалска федерација суспендираше 41 јужнокорејски фудбалери поради вмешаност во скандалот со манипулација на натпревари.

https://p.dw.com/p/17GX7

Светската фудбалска федерација (ФИФА) доживотно суспендираше 41 јужнокорејски фудбалер поради местење на натпревари.

Скандалот околу местење фудбалски натпревари почна во 2011. година, кога повеќе од 50 играчи и тренери во првата јужнокорејска лига беа обвинети дека добивале пари за да учествуваат во местењето на натпреварите.

Пред одлуката на ФИФА, и Фудбалскиот сојуз на Јужна Кореја и раководството на првата лига доживотно суспендираа 41 фудбалер.

Во соопштението на ФИФА се наведува дека на 21 фудбалери ќе им биде понудено да признаат вмешаност во скандалот, по што ќе можат да му се вратат на фудбалот.

Тие фудбалери би минале низ пробен период меѓу две и пет години, вклучувајќи добтортворна и социјална работа во траење од 200 до 500 часови. На матичниот сојуз му е препуштено да одлучи дали после пробниот период некои играчи ќе се вратат во фудбалот.