Фишер патува во регионот на катастрофата
7 јануари 2005На средбата ќе учествуваат и министрите за развој и за здравство на 25-те земји членки на Унијата. Германскиот министер за надворешни работи Јошка Фишер по средбата во Брисел ќе посети три од погодените држави: Тајланд, Шри Ланка и Индонезија, за да види како Германија може најдобро да помогне:
Во интервју за телевизискиот канал ЗДФ, Фишер ги објасни целите на неговата посета:
“Една од задачите поради кои патувам е да се види каде може да влијае сојузната влада и каде конкретно да ги ангажира ветените пари. Постојат и воени зони како во Аче, каде што хуманитарните организации досега немаа пристап, но и во Шри Ланка каде што се одвива долга и трагична граѓанска војна. Со оглед на ваквата трагедија која мора да биде на прво место, тогаш можеби ќе биде можно да се надминат и овие проблеми“.
Фишер го потврди бројот од 751 официјално исчезнати германски граѓани. Досега се иднетификувани 60, како и 300 повредени, главно во Тајланд и Шри Ланка:
“Официјално имаме 751 исчезанат, но има информации и за други, така што мораме да сметаме на околу илјада. В недела ќе бидам во Пукет каде што има најмногу загинати или исчезнати. Тоа е моменталниот биланс“, изјави Фишер.