1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ФК Германиа го слави 120-от роденден

22 април 2008

Германија од Берлин е најстар активен фудбалски клуб во земјава. И покрај слабите спортски резултати, клубот има на што да се гордее и да слави. Тоа ќе го стори скромно, иако 120-годишен јубилеј заслужува големо славје

https://p.dw.com/p/DmNC
Логото на најстариот активен фудбалски клуб во ГерманијаФотографија: B.F.C Germania

Во едно време во кое грамофонот беше нов пронајдок, кога Џек Мевосек сееше страв во Лондон, а Ван Гог ги наслика прочуените сончогледи, берлинскиот учесник Паул Јестрам сакаше само едно - да ига фудбал. Со неколкумина пријатели го формира клубот Германија, иако во земјата уште немаше фудбалски игралишта.

Членовите на Германија некогаш беа пионери на фудбалот овде, Фриц Боксхамер ги преведе правилата на играта од англиски на германски. Во 1890-та клубот го освои првото првенство на земјата, организирано од сојузот на играчите, оти Фудбалски сојуз уште немаше. Фриц Баумгартен беше голман на германската репрезентација на нејзиниот прв воопшто одигран натпревар, кога беше поразена од Швајцарија.


Некогаш под диктат на нацистите, денес Германиа е мулти-култи


Историјата на клубот има и темна страна: во време на нацистите Германиа беше меѓу првите што ги исклучи членовите-Евреи. По војната сојузниците го распуштија. Една година подоцна Емил Варнеке повторно го основа, но под име Ној Темпелхоф.

Денес клубот си го носи изворното име, но работите се променија. Тренер е Еркан Ердоан. „Јас сум со турско потекло, а многумина од моите играчи се од други земји. Вратата овде е отворена за секого и се обидуваме сите заедно да играме фудбал. Тоа, мислам, зборува само за себе. Големо задоволство е да соработуваш со луѓе со различни менталитети“ - вели Ердоан.


Без пари, но со добро расположение и семејна атмосфера


До пред три години Германиа играше во највисоката лига во Берлин. Потоа се повлече спонзорот и оттогаш работите одат надолу. Годинава пак, трет пат последовно, испаѓа од лига, во наредната сезона ќе игра во најнизок ранг на натпреварување. Сега играчите сами мораат да си ги купат и патиките, за премии не станува збор.

Но, ако нема пари, има добро расположение. На секој натпревар сопругата на претседателот точи пиво. Членовите на клубот ја сакаат токму таа семејна атмосфера. За шампионска титула не можат да сонуваат, но како што укажува претседателот на клубот Ханјц-Дитрих Крашевски, една титула никој не може да им одземе: „Хамбургер сакаше да се кити како ’најстар фудбалски клуб‘, но не смееше, оти ние со доказ сме постари“.

►◄