1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ФК Магдебург: единствениот од ГДР што освои европска титула

17 август 2007

Во нашата серија за германските фудбалски клубови победници, денеска се враќаме 33 фодини назад: кон клубот кој во 1974 година како единствен од Германската Демократска Република, освои европски куп.

https://p.dw.com/p/BVOy
И покрај ниското лигашко рамниште, пубиката им е верна на своите фудбалериФотографија: picture-alliance/dpa

Таа победа беше успех за вечноста: пред 33 години на 8 нај 1974 година, во финалето на европскиот куп на куп-победниците, провинцискиот ФК Магдебург од Источна Германија во Ротердам извојува сензационална победа против реномираниот италијански клуб Милан со 2 спрема 0. Репортерот на тогашното „Радио ДДР„ Вернер Еберхард за решавачкиот втор гол:

„Нов обид. Сега Зегуин, Зегуин е тука, шут и гол, гооол! 2 спрема 0. Голоот го постигна Паул Зегуин„.

„Ја добив топката, можев малку да одам напред и потоа ја сместив во аголот„, се сеќава стрелецот на голот Волфганг Зегуин, со прекар Пауле. Меѓутоа, татко на успехот беше Хајнц Кригел. Тој го тренираше Магдебург 10 години – од 1966 до 1976 година. Кригел го оформи клубот во врвна европска екипа. Најчудното притоа: сите играчи потекнуваа од регионот Магдебург. Тренерот Кригел и денес зборува со голема почит за своите штитеници:

„Костурот на екипата беа на пример, Клаус Декер, Манфред Цапф, Шпарвасер и пчелата работник Волфганг Зегуин, него не смеам да го заборавам. Јирген Померенке во средината беше најинтелигентниот. Средниот ред беше одличен„.

Победата во европскиот куп во Магдебург предизвика неограничено славје. 25 илјади на својата екипа и приредија грандиозен пречек на градскиот плоштад. Како што беше вообичаено, поздравен говор одржа висок функционер на државната партија.

Четири недели по оваа победа, напаѓачот од Магдебург испиша дел од германско-германската историја. Во натпреварот по групи на Светското првенство во 1974 година меѓу двете германски држави: Сојузна Република Германија и Германската Демократска Република, Јирген Шпарвасер го постигна победничкиот гол за аутсајдерот ГДР:

„Долго додавање кон Шпарвасер. Прифати ја топката Јирген! Шутирај! Гол, гол! 1 спрема 0. Одлично изведено! И сега славје на стадионот во Хамбург и тоа не само од граѓаните на ГДР, драги слушатели. Тоа сакам да го констатирам. Јас трипати извикувам: браво, браво, браво„, одушевено коментираше репортерот од „Радио ДДР„.

Со ФК Магедбург, Шпарвасер една година подоцна ја славеше третата титула првак на Германската Демократска Република што беше и последната во историјата на екипата. Не како последно и затоа што Хајнц Кригел во 1976 година недоброволно мораше да го напушти тренерското место. На партиското раководство не му се допаѓаа неговите работни принципи. По неговото бркање од клубот, Магдебург уште само една година играше на високо ниво. До политичката промена во 1989 година, екипата главно завршуваше во средината на табелата, а потоа се најде во четвртата категорија. Сепак, во 2000-дитата година направи сензација кога во националниот куп на пенали го елиминираше големиот Баерн од Минхен.