Свет

Флексибилноста на словенските муслимани

Малите муслимански народи на Балканот во својата национална флексибилност се помодерни и поевропски од сите кои во име на напредокот и свртување кон западна Европа сакаат да ги стегнат во национални корсети, пишува НЦЦ.

Symbolbild Bulgarien EU-Beitritt (AP)

Швајцарскиот весник „Ноје цирхер цајтунг“ објави подолг текст под наслов „Флексибилноста на словенските муслимани“, околу тоа дека „Горанците, Бошњаците, Торбешите и Помаците лошо се вклопуваат во националните шеми на Балканот“. Статијата почнува со описот на почетокот на дневната настава во Рестелица, зафрлено село во југозападно Косово, во кое учениците во училиштето се разделени, едни учат на босански, други на српски јазик. Првите учат според косовска, а вторите според српска наставна програма. „Раздвојувањето на децата во училиштето е израз на политичката поделба меѓу локалното муслиманско насление. Родителите кои ги испраќаат своите деца во босанските одделенија, се дефинираат себеси како Горанци во етничка смисла, не како Срби, иако така би можело да се очекува.“

„Тој поим потекнува од зборот Гора, која го означува и регионот во кој тие живеат. И Бошњаците и Горанците се убедени дека само така можат да го зачуваат својот идентитет наспроти надворешните фактори кои го загрозуваат. На сите нив им е заедничко и уште нешто: тие се муслимани со словенско потекло, нивните претци во текот на петвековното османлиско владеење од христијанство преминале во ислам. Од создавањето етнички дефинирани држави на Балканот во последната третина од 19 век, жителите на Гора биле присвојувани од другите нации, од Албанците поради верата, од Србите и од Македонците поради словенскиот јазик.“

Bosniaken aus Gora, Dragas (Refki Alija)

Во текстот е објаснето настанувањето на „двостраните“ школи во Босна и Херцеговина. Тие „го цементирале начинот на мислење во етнички категории, кое е длабоко вкоренето во Босна. На жителите на таа земја се гледа како на Бошњаци, Срби и Хрвати, односно како на припадници на одредена нација, па дури тогаш (ако воопшто) како на државјани (...)  а наспроти тоа, словенските муслимани во јужен и источен Балкан, Горанците, Торбешите  во Македонија и Помаците на југот на Бугарија и североистокот на Грција имаа повеќекратни национални идентитети кои често се поклопуваат: така Торбешите се дефинираат како Македонци, Албанци, Турци, муслимани (во национален смисол), како Бошњаци или токму и како Торбеши; Помаците - како Турци, Бугари, Грци или муслимани.“

„Но, словенските муслимани не се присвојувани само од другите, туку и тие самите ги прифаќаат идентитетите кои им се наметнуваат. За тоа решаваат нивните сопствени потреби, во многу случаи и локалните односи на силите. Така, националните идентитет се разликуваат од село во село, од личност до личност, па дури и во рамките на едно семејство. Според она што сакаат да постигнат, словенските муслимани можат истовремено да 'скокнат' во различни национални идентитети и притоа повторно да ги променат. Може да се зборува за етничка разновидност во една единствена личност.“ 

„Тој прагматизам пред сѐ е акт на отпор кон сите кои им се наметнуваат како власт и сакаат да ги присвојат како сопствена нација. Малите муслимански народи на маргините на националните држави на Балканот во својата национална флексибилност се помодерни и поевропски од сите оние кои во име на напредокот и свртување кон западна Европа сакаат да ги стегнат во национални корсети“, пишува меѓу другото „Ноје цирхер цајтунг“.

„Ноје цирхер цајтунг“ се осврнува и на тоа што Грција оваа година вратила 14.000 доселеници во нивните родни земји. Притоа, пренесува весникот, во најголем дел станува збор за луѓе од Албанија, Пакистан, Ирак, Грузија и севрноафриканските држави.

„Грчката полиција соопшти дека поради мачите шанси за добивање азил, овие бегалци по водените разговори прифатиле дека за нив не постојат никакви шанси за останување во Европа. Само во септември оваа година Грција ја напуштиле 1598 луѓе. Програмата за депортација е со поддршка од Меѓународната организација за миграција, која на мигрантите им нуди можност враќање во татковината под заштита на безбедносните власти. Пред заминувањето во татковините, луѓето добиваат меѓу 500 и 1500 евра како стартна помош за живот во нивните родни места.“

 

 

Albanian Shqip

Amharic አማርኛ

Arabic العربية

Bengali বাংলা

Bosnian B/H/S

Bulgarian Български

Chinese (Simplified) 简

Chinese (Traditional) 繁

Croatian Hrvatski

Dari دری

English English

French Français

German Deutsch

Greek Ελληνικά

Hausa Hausa

Hindi हिन्दी

Indonesian Bahasa Indonesia

Kiswahili Kiswahili

Macedonian Македонски

Pashto پښتو

Persian فارسی

Polish Polski

Portuguese Português para África

Portuguese Português do Brasil

Romanian Română

Russian Русский

Serbian Српски/Srpski

Spanish Español

Turkish Türkçe

Ukrainian Українська

Urdu اردو