1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Флеш-вести за економските пулсирања во светот

27 ноември 2003
https://p.dw.com/p/AeSY
-Американскиот производител на полупроводници АМД во наредните години ќе гради втора фабрика за чипови за микропроцесори во Дрезден во вредност од околу две милијарди евра. Тоа значи и илјада нови работни места. -Концернот Сименс за наредната година прогнозира пораст на светскиот пазар на мобилни телефони меѓу пет и десет насто. Годинава на пазарот беа пласирани вкупно 470 милиони апарати. Сименс во тоа има удел од девет проценти и е на четврто место во светот зад Нокиа, Моторола и Самсунг. -Комопанијата Хјулит Пакард, втор најголем производител на компјуери во светот, повеќе од двојно ја зголеми нето добивката во последниот квартал. Обртот пораснал од десет на околу 20 милијарди долари. -Германското занаетчиство страда не само од слабата конјунктура, туку и од се' полошиот платежен морал на муштериите. Годинава ќе има околу 40 илјади банкроти, што е за шест проценти повеќе од лани. -Германските банки значително ги ограничуваат активностите во странство. Во изминатите две години отпуштени се многу повеќе соработници во филијалите во странство, отколку дома. Само Дојче банк го намали персоналот за речиси 30 проценти, притоа претежно во странство. -Истражувачите на пазарот предвидуваат наредната година да биде пресвртна за производителите на автомобили: експертските проценки зборуваат за пласман на 3,47 милиони возила во 2004-та и до 3,8 милони во 2005-та година. Во тековнава нема да бидат достигнати минатогодишните 3,25 милиони новорегистрирани возила. -Топлото време и ниското ниво на водостојот на реките, што го попречи бродскиот сообраќај, придонесе германската железница да забележи зголемување од 5,7 насто во товарниот сообраќај. -Германската индустрија минатата година значително ги намали инвестициите поради слабата конјунктура - со обем до вкупно 50 милијарди евра, тоа значи опаѓање за 11 проценти.