1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Флорида – битка за гласовите на Кубанците во егзил

31 јануари 2012

Нова рунда во американските прелиминарни избори. Кандидатите на републиканците се соочуваат со избор во Флорида. Оваа земја се чини е клучна во изборот. Пред се’ е важно да се придобијат гласовите на Кубанците во егзил.

https://p.dw.com/p/13tYd
Потенцијалните претседателски кандидати се борат за гласовите на Кубанците кои живеат во егзил на МајамиФотографија: gettyimages

Кога станува збор за доминото и политиката, Кубанците во егзил на Мајами не разбираат шеги. А, многумина се закоравени републиканци, како што е и Виолета Кабрера. Нивната цел е да запрат левите тенденции.

„Комунисти, тие сите се комунисти! Имаме многу комунисти во нашата влада. Почнувајќи од горе, ако знаете на што мислам“, вели Кубанката во егзил Виолета Кабрера.

Многумина во Литл Хавана, предградието на Мајами, поради тоа се за десничарскиот кандидат Њут Гингрич. Но, влијателниот естаблишмент на Кубанците во егзил е определен за фаворитот, Мит Ромни, како овде на една манифестација во Мајами.

„Дојдено е време, според моето мислење, во двата следни претседателски мандати да ја донесеме слободата во Куба и јас ќе го направам тоа како претседател“, рече Мит Ромни, еден од кандидатите меѓу републиканците за противник на Обама на претседателските избори.

Ромни го кажува тоа што Кубанците сакаат да го слушнат

Miami Exilkubaner skandieren Anti-Castro-Rufe
Кубанците од Мајами се определуваат за републиканските кандидатиФотографија: AP

Луѓето овде тоа сакаа да го слушнат. А, пораката на Ромни за слаба држава ги погоди конзервативните срца на Кубанците во егзил.

„Ми се допаѓа што тој не е толку фиксиран на државата. Тој се враќа на корените на Америка, а тоа е земја за луѓето и од луѓето“, вели Ана Марија Авила, поддржувачка на Ромни.

За Ромни ова е добра вест, бидејќи одѕивот меѓу кубанските гласачи е голем. Со други зборови, во Флорида тие би можеле да бидат јазичето на вагата.

Затоа, се чини дека двајцата кандидати се обидуваат да се наддаваат со тоа кој како претседател ќе има поостра линија кон браќата Кастро на Куба. Сите останати надворешно-политички теми, на пример односите со Европа, не играат улога овде на Флорида.

Прилогот можете да го погледнете и како Видео на денот!

Автор: Макс Хофман / Александар Методијев

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска