1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Форбс“: Путин го „истурка“ Обама

ЖА/кна30 октомври 2013

Според американското списание „Форбс“, рускиот претседател Владимир Путин ја предводи овогодишната листа на највлијателни личности во светот. Барак Обама е втор, а германската канцеларка Ангелка Меркел - на петто место.

https://p.dw.com/p/1A9F4
Фотографија: picture-alliance/RIA Novosti

На второ место на листата на „Форбс“ по Путин е претседателот на САД, Барак Обама, кој минатата година беше лидер на листата, а трет е шефот на кинеската држава Си Џинпинг. На четврто место се најде папата Франциско, а на петто - германската канцеларка Ангела Меркел.

На листата се вклучени вкупно 72 лица - политичари, јавни личности и директори на корпорации. „Форбс“ во 2009 година почна со објавување на годишни листи на највлијателни личности во светот. Во изминативе години листите трипати ги предводеше Барак Обама, а само во 2010. година на првото место беше тогашниот претседател на Кина, Ху Џинтао.