1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Форд“ ќе отпушти стотици работници во Европа

ЖА/дв/афп/дапд26 септември 2012

Американскиот производител на автомобили „Форд“, соопшти дека планира да го намали бројот на вработени во Европа за „неколку стотици“ поради високите трошоци и драстичното намалување на обртот.

https://p.dw.com/p/16EcF
Фотографија: picture-alliance/dpa

„Форд“ оваа година очекува загуба од над една милијарда долари во Европа. Обртот во август во Европа беше намален за 29 проценти, додека целокупната бранша бележи намалување од 8,5 проценти. Најавеното намалување на бројот на вработени е дел од тековната програма на „постигнување на поголема ефикасност во сите области на работењето на „Форд“ во Европа, наведено е во соопштението на компанијата.

„Форд“ во моментот вработува околу 66.000 работници во Европа, од кои најголемиот број работат во Германија. Со мерките на штедење во „Форд“ ќе бидат погодени пред се‘ Германија и Велика Британија. Концернот сепак најавува дека укинувањето работни места ќе биде „што е можно посоцијално“ и дека ќе се одвива претежно преку нормална флуктуација и намалување на „позајмените вработени“, работници кои работат во фирми кои привремено ги изјајмуваат на „Форд“.