1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Економско-социјалниот совет

25 декември 2011

Економско-социјалниот совет на најголемата опозициска партија во Македонија, СДСМ, ја одржа конститутивната седница. Претседател на советот, кој ќе нуди алтернативни решенија во економијата и социјалата, е Ванчо Узунов

https://p.dw.com/p/13Z8M
Седиштето на СДСМ во СкопјеФотографија: Petar Stojanovski

Конститутивната седница на Економско-социјалниот совет на СДСМ се одржа денеска (25.12.2011) во седиштето на партијата во Скопје.
„Причината за формирање на овој Совет е петипол годишното владеење на
актуелната влада, речиси мандат и половина, период кој доволно покажа дека
концептот на раководење со економијата на Владата, не е соодветен, ниту пак
е замислен да биде соодветен“, изјави првиот човек на Економско-социјалниот
Совет Ванчо Узунов.
„СДСМ се одлучи да формира еден широк круг на луѓе, кои што имаат големо
искуство и се експерти во своите области и тие да предлагаат решенија во
поглед на подобрување на економската и социјалната состојба во Македонија.
Целта е да се понуди една алтернативна програма и решенија кои ќе бидат
корисни и за економијата и за граѓаните на оваа држава“, рече Узунов.

Автор:СН/ЕМФ/макфакс/миа

Редактор: Е. М. Фиданоска