1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Форум за миграција во бонската,, Куќа на историјата“

21 ноември 2005

Многу издавачки куќи и автори кои се занимаваат со темата миграција, пред неколку дена се најдоа на форум во Бон.

https://p.dw.com/p/AeU1
Бон
БонФотографија: presse

На форумот, кој беше во бонската ,, Куќа на историјата“ исто така се одржа и саем на книгата на истата тема.

Се претставија околу 30 издавачки куќи со нивните автори, беа одржани читања, тркалезни маси и дебати. Кои се причините за миграцијата, какви се чувствата на бегалците? Учесниците на саемот на овие прашања зборуваа пред микрофонот на Дојче веле.

Миграцијата е особено интересна тема кога станува збор за поранешните ју простори. Поради војните и конфликтите што бесенееја во 90 тите години, многу луѓе спасот го побараа надвор, во странство.

Дитмар Капе, претставник на Високиот комесартијат за бегалци при ОН, на саемот во Бон претстави монографија посветена на Босна.

,, Ова е монографија за која текстот го напиша Матијас Риб, дописник на Франкфурер Алгемајне цајтунг од Будимпешта, под насловот ,, Бегтсво во иднината“, Босна по војната. Ова е специјално издание на магазинот на УНХЦР под наслов ,, Бегалци,, кое е посветено на Балканот. На насловната страница има голем камен на кој што е врежано ,, не ја заботавајте 93 –та“, а веднаш потоа пишува – по крајот на војната.

Големиот број фотографии, направени оваа година во Босна, на Косово, во Хрватска, се насловени како: ,, Чудото на Дејтон- десет години подоцна.“ Алфред Бингем, директорот на издавачката куќа Еснам вели:

,, Имаме многу дела чии автори се од подрачјата на поранешна Југолсвија, пред се тука е Братислав Ракиќ, со неговата книга поезија ,, Нежниот допоир на надежта.. Тој е многу значаен бидејќи собира цела група автори од поранешна Југолсваија, кои работат на различни проекти овде во Германија. Потоа, имаме посебен проект. Тоа е книгата што настана во соработка со организацијата за помош на бегалците, и е насловена ,, Мајката Мејра ја бара и ја наоѓа вистината“. Таа е преведена од босански. Станува збор за злосторсво врз двете девца на мајката Мејра, кои на најгрозоморен начин се измачувани и убиени, за злосторство што е расветлено по многу, многу години. “

Бингем зборува и за трета книга, која била напишана во соработка со еден проект од Есен. Во неа, децата на возраст од 16 до 20 години објаснуваат како е да се биде истовремено странец и да се биде дома, во градот Есен.

Данкварт Фон Лопе, кој исто така ја претставува издавачката куќа Еснам, ги објаснува целите на саемот:

,, Нашата издавачка куќа се труди да ги поддржува бегалците. Таа издава стручна литература која што се однесува на азилот, човековите права. Освен тоа, ние печатиме книги од автори кои се во егзил. Издаваме магазин под наслов,, Блиску и далеку,, кој што се занимава со темата егзил и миграција. Во него тие појави не се третираат како проблем, туку како дел од реалноста. На пример, ова овде е книга на Јосип Свобода од саеарево, градот кој не се предава. Тоа е автентична приказна за животот таму. Понатаму, имаме книга за животот на бегалците, во која тие, и стари и млади од разни земји, Азербејџан, Ирак, Турција и Југоисточна Азија, раскажуваат зошто побегнале од својата татковина и како живеат сега. Со оваа книга се обидуваме да им претставиме на луѓето овде што ги натерало тие луѓе на бегство од нивните земји. “

Герт Енгел исто така е учесник на саемот. Тој е претседател на друштвото Звучен Мост и ги соединува истоимените друштва во Франција, Германија и Белгија.

,, За училиштата во Германија досега објавивме три збирки песни, на десет јазици кои се таму застапени, по триесет песни на португалски, шпански, француски, герамнски, италијански, англиски, полски, турски, грчки руски.. Во герамснките школи има многу ученици од разни земји и би било убаво кога наставниците би можеле со учениците да пејат песни од тие земји на оригиналниот јазик. Сега работиме на четвртата збирка во која ќе бидат застапени и јазиците на новите земји членски на ЕУ. Тука финансиски ни помага и ЕУ. А на нашиот репертоар веќе одамна се песни од Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска.“ вели Енгел.