1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Франко: Немаше парламентарен удар

ЕМФ/епд/афп/дапд24 јуни 2012

Новиот претседател на Парагвај Федерико Франко се спротивстави на обвинувањата дека во државата се случил парламентарен удар.

https://p.dw.com/p/15KXf
Фотографија: Reuters

Парагвајскиот претседател Федерико Франко ги повикува соседните земји да имаат разбирање. „Промената беше во рамки на уставот“, изјави тој. Во Парагвај и натаму сосема се почитува правната држава и демократскиот поредок, изјави Франко. Тој во петокот (22.06) беше назначен на функцијата претседател на државата откако дотогашниот претседател Фернандо Луго беше разрешен од должност. Двата дома на Конгресот со големо мнозинство гласаа за разрешување на Луго, кој е обвинет дека е политички одговорен, меѓу другото, за смртта на најмалку 17 лица во судирите меѓу селаните и полицијата, што се случија пред повеќе денови. Луго ја прифати одлуката на Конгресот, но ја нарече тежок удар против демократијата. Тој денеска изутрина (24.06), за време на протестите на неговите приврзаници во главниот град Асунсион, рече дека се „постапило против волјата на народот“. Луго ги повика демонтрантите на мирни протести.

Франко за агенцијата АФП вчера (23.06) изјави дека сака да се сретне со својот претходник Луго за да разговара околу неговата улога во иднина. Тој се надева дека Луго ќе му помогне во реакцијата на меѓународните критики поради промената на власта. Во знак на протест поради смената на врвот во Парагвај, своите амбасадори од таа земја ги повлекоа Аргентина, Бразил и Уругвај. Шпанија, Ватикан и Германија го признаа новото раководство на Парагвај. Германскиот министер за развој Дирк Нибел во петокот (22.06) беше прв странски министер кој оствари средба со претседателот Франко. „Мој прв впечаток е дека промената на власта е извршена согласно уставот“, изјави Нибел по средбата.

Paraguay Federico Franco und Dirk Niebel
Федерико Франко и Дирк НибелФотографија: picture-alliance/dpa