1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Франциск ќе му ја врати црквата на народот

Астрид Пранге де Оливеира/Б. Георгиевски14 март 2013

Познавачите очекуваат новиот папа да се придржува до своите принципи, а тоа е постепено зголемување на улогата на народот во црквата, на сметка на свештениците. Новиот Папа носи промени во Ватикан.

https://p.dw.com/p/17x6r
Фотографија: Reuters

Гласот е тивок, пораката револуционерна. „Cambia, todo cambia" - „се’ се менува“, пееше јужноамериканската дива Мерцедес Соза во хитот од 1944 година. „Овчарот со неговото стадо, сонцето високо на небото, движењето на скитниците и се’ што се промени вчера, денес ќе треба повторно да се промени“.

Химната на аргентинската пејачка е дел од музиката за италијанскиот филм „Хабемус папам“ кој изминативе години беше прикажан на фестивалот во Кан. Сега тоа стана реалност. Кардиналот Хорге Марио Берголио е првиот наследник на Свети Петар во папската историја кој не е од Европа, туку од Латинска Америка.

Глобална црква

„Овој избор не прави вистинска светска црква“, вели Бернд Клачка, прв човек на бискупската организација за хуманитарна помош на Латинска Америка. Изборот на Папа од Латинска Америка ја покажува вербата во развојот на црквата во тој дел од светот. Клачка е сигурен дека не само јужноамериканци, туку и останатите 1,2 милијарди верници ширум светот ќе бидат инспирирани од новиот папа. „Тој ќе ги освои нивните срца со својата скромност и дискретност“.

Само пред две недели кардиналот Берголио беше именуван во папската комисија од страна на Бенедикт Шеснаесетти. 76-годишниот Берголио, надбискупот на Буенос Аирес ја понуди оставка на функцијата пред само една година, наведувајќи ја својата старост. Тоа беше една од причините поради кои тој не се сметаше за фаворит на конклавата да го наследи Бенедикт.

Papst Franziskus / Vatikan
Прогласувањето на новиот Папа на балконот на базиликата Св. ПетарФотографија: picture-alliance/dpa

Берголио одржуваше дистанца од куријата. Но, по се’ изгледа неговата отворена критика на скандалите во Ватикан му донесоа поголема почит меѓу кардиналите. Најголемите проблеми на црквата се секулиризацијата, падот на духовноста и преамбициозните членови, рече Берголио во интервју за италијанскиот весник „Ла Стампа“.

Берголио го ограничи своето учество во Куријата на двете конгрегации, за богослужба и дисциплина на духот, како и конгрегацијата за свештенството.

Црква на народот

Во Буенос Аирес, каде беше бискуп од 1992 година не избегнуваше конфронтации. На почетокот на постите побара од верниците да „се откажат од богатството на парите и корупцијата која е карактеристична за Аргентина“, за која сметаше дека ќе ги уништи семејствата и целото општество.

Франц Јозеф Овербек, бискуп од Есен, Германија, ја поврзува социјалната критика на Берголио со неговото образование на како Езуит.

Jorge Bergoglio ist neuer Papst Reaktionen Buenos Aires
Радост во Буенос АиресФотографија: Reuters

„Како Езуит тој знае што значи да се следи Исус, дека тоа значи да се следат сиромашните. Затоа и ја познава користа од либералната теологија, која беше развиена во Јужна Америка“, вели Овербек.

Бернд Клачка е сигурен во наредниот период новиот папа ќе ја зајакне улогата на народот во црквата. „Имаме парохии во Јужна Америка со 80 или 90 илјади членови. Обуката на лаиците (народот) ќе биде приоритет на листата на Берголио“.

Во иднина членовите на една парохија ќе бидат во можност да вршат крстење без свештеник, очекува Клачка. Таквата идеја во моментов е незамислива за Германија. „Но тоа не е проблем за Берголио. Нема потреба да се гледа на црквата со толку силен фокус врз свештениците, и тој тоа го знае“.

Клачка ја смета црквата во Јужна Америка за пионер во новиот развој. „Можеме многу да научиме од христијаните во Јужна Америка. Животот не се живее само преку умот, туку и преку срцето“, вели Клачка.

Берголио тоа јасно го покажа и кога излезе на балконот на базиликата Св. Петар откако беше избран.

„Тој не ги крена рацете, немаше никакви авторитарни гестови“. Но, скромноста на новиот папа не значи и недостаток на авторитет.

„Тој е модерен човек, но знае како да води, и никој нема да може да се поигрува со него“, вели Клачка, кој го познава Берголио од 2007 година.

„Cambia, todo cambia"- латиноамериканскиот глас сега ќе се слушне и во Рим.