1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Франција нема да го блокира влезот на Македонија во ЕУ

18 септември 2007

*

https://p.dw.com/p/Bh1B

Франција нема намера да го блокира влезот во ЕУ на земји како Македонија и размислува да ја избрише клаузулата од Уставот со која се предвидуваат референдуми за секое ново проширување по влезот на Хрватска во Европската унија, изјави францускиот министер за европски прашања Жан Пјер Жоаје во интервју за весникот Фигаро. Одредбата за оддржување референдум во Франција, на секое проширување на Унијата, беше воведена пред две години, пред се’ како гаранција дека францускиот збор ќе биде пресудан кога ќе се решава за влезот на Турција во Унијата.