1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Франција - следното проблематично дете во Европа?

Г. Хофман/ Ж.Ацеска19 јуни 2013

Французите се противат на политиката на штедење на премиерот Оланд, кој пак не гледа друг излез од заканувачката економска криза. Земјата е пред рецесија. Еден регион меѓутоа пркоси, го нарекуваат - мала Германија.

https://p.dw.com/p/18cfZ
Фотографија: picture-alliance/dpa

Порано долу во долината пасеа крави. Во претходниот век, кога таму имаше само мали занаетчиски работилници, кои работеа за швајцарската часовничарска индустрија.

Денес 400 претпријатија произведуваат компоненти за автомобилската и авионската индустрија.

Лево и десно покрај реката на Арв се средни по големина фирми со 50 до 500 вработени. Тоа е реткост во Франција, каде доминираат големите фирми.

Средни фирми, извозно ориентирани. Всушност, типично за Германија, затоа долината е наречена „мала Германија“.

Еден од претприемачите е Лионел Бо.

Неговите валчести делови се вградуваат во мотори, 60 проценти се извезуваат во странство, на пример кај германските муштерии како „Фолксваген“.

Монсињор Бо инаку резонира како германски бизнисмен.

„Работиме повеќе од 40 часа неделно, не 35 како што е пропишано во Франција, ние рабитиме 40 часа неделно“.

Поради тоа фирмата мора да плати бројни прекувремени часови и екстра данок, но тоа се исплаќа, вели тој.

Само ако е флексибилен, ќе биде конкурентен на пазарот:

„Претпријатието го водам заедно со моите двајца браќа. Секогаш се раководиме од долгорочна стратегија. Токму во нашата бранша, индустријата, треба да се инвестира години претходно. Само така претпријатието останува стабилно.“

Karte Frankreich englisch

Лионел Бо и многу други претприемачи во долината си дозволија заеднички технички центар, задолжен за научни истражувања и развој.

Бо годишно плаќа 50.000 евра за инженерите да тестираат за него нови материјали и да ги подобрат неговите токарни машини: „Токму малите фирми не можат да си дозволат скапи научни истражувања. Затоа овде заеднички работиме на нови проекти. Ние сме значи конкуренти, но сепак заеднички работиме на развојот“, вели Бо.

Горен Савој, директно на швајцарската граница, атрактивен за туристите, еден од најбогатите региони во Франција.

Сепак, невработеноста е 8 проценти, а таа расте, пред четири години беше само 4 насто.

Зашто, од економската криза не заздравеа сите фирми. Ова претпријатие произведува делови за управувачки системи. Со години поранешниот сопственик премалку инвестираше, па фирмата беше продадена. 36 вработени добија отказ.

Членот во работничкиот совет Емануел Мишо и неговите колеги со месеци работат со скратено работно време. „Не знаеме што ќе биде утре. Дали ќе работиме и по јуни? Дали работата ќе продолжи нормално? Никој не знае! Немаме никаква перспектива. Кај луѓето тоа внесува вистински страв“.

Лионел Бо и другите претприемачи во долината се разочарани од владата во Париз.

Тие се надеваа на даночни олеснувања и полиберални закони во областа на трудот, но досега, од нивен аспект, малку е направено.

„Во Франција се‘ уште е премногу строго. Како шеф на фирма, се плашиш да вработиш луѓе. Ако имаш премалку порачки, не можеш да ги отпуштиш. Законите се престроги. Нам ни треба флексибилност“, истакнува Бо.

Бо патува кај германскиот муштерија-компанијата „Бош“. Тој таму оди секои три недели, за што му треба 5 часа возење. Нему Штутгарт му е поблиску отколку Париз.